Наслов на наставниот предмет

Управување со информациите и знаењето во јавниот сектор

Код

 PSM 521

Наставник

Проф. д-р Пеце Недановски

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:

  • Се стекнат со ново знаење за современите промени базирани наразвојната улога на информациите и знаењето во времето на технолошка и економска глобализација;
  • Се стекнат со ново знаење за управувањето со информациите и знаењето во јавниот сектор и политиките кои се реализираат на овој домен;
  • Се стекнат со знаење за современитeметодолошки пристапи практицирани во управувањето со знаењето и информациите во развиените земји;
  • Да развијат способност за вреднување и селекција на моделите на управување со знаењето и информациите согласно развојните потреби и можност на Р.М;
  • Да го применат стекнато знаење во практиката според конкретните предизвици за промени;
  • Да го надградуваат постојното знаење низ процеси на перманентно учење;
  • Да развиваат заедничка визија, облици на соработка и тимска работа во функција на што поширока примена на новото знаење во нивната работна средина.

Содржина на предметната програма: 

  1. Значење на информациите и знаењето;
  2. Карактеристики на економијатабазирана на знаење;
  3. Економија базирана на знаењето во јавниот сектор;
  4. Мерење и индикаторина развојотна економијата базирана на знаење
  5. Р.Македонија –развоен јаз во однос на ЕУ
  6. Интегрален пристап во управувањето со информациите и знаењето
  • Глобални правци на промени
  • Управување со информациите –политики, стратегии;
  • Управување со знаењето-политики, стратегии;
  • Р.Македонија : долгорочни цели, задачи и активности

       7. Ефекти од управувањето со информациите и знаењето во јавниот секторoзголемување на транспарентноста;

  • Унапредување на услугите на граѓаните;
  • Унапредување на комуникациите;
  • Унапредување назнаењето на вработените во јавниот сектор.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.