Наслов на наставниот предмет | Финансиски менаџмент |
Код | 519 |
Наставник | Проф. д-р-Сашо Арсов Проф. д-р Александар Наумовски |
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да: 1.Да ја анализираат финансиската состојба на компанијата преку пресметка на финансиски показатели, да ги интерпретираат добиените резултати и да донесуваат препораки во врска со идните активности на финансискиот менаџмент, врз основа на добиените податоци. 2.Да вршат вреднување и пресметка на приносите кај долгорочните хартии од вредност, врз основа на примена на општоприфатените концепти за таа намена. 3.Да ја анализираат дивидендата политика на фирмата и да ги проценуваат нејзините импликации врз остварувањето на целите на финансискиот менаџмент и компанијата во целина. 4.Да ги анализираат и оценуваат ефектите од спојувањата, превземањата и останатите активности на полето на преструктуирањето на компаниите. 5.Да умеат да ги применат општоприфатените правила на оптимизација на портфолиото од аспект на соодносот помеѓу ризикот и приносот. 6.Да умеат да извршат избор на најсоодветните финансиски деривативи за управување со ризикот на компанијата и да ги дефинираат очекуваните ефекти од нивната употреба. | |
Содржина на предметната програма: 1.Долгорочно финансирање со задолжување 2.Вреднување на акции и трошоци на сопствениот капитал 3.Краткорочни и среднорочни извори на финансирање 4.Управување со портфолиото на фирмата 5.Изворни и изведени (деривативни) хартии од вредност 6.Донесување одлуки за дивидендата 7.Финансиско планирање 8.Управување со готовината, побарувањата и залихите 9.Оптимализација на структурата на капиталот |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани