fbpx

Наслов на наставниот предмет

Jавни финансии 1

Код

ME 246

Наставник

проф. д-р Михаил Петковски

Цели на предметната програма (компетенции):

По изучувањето на овој предмет, студентите треба да располагаат со следните области на знаења: 

  • стручно да го разбираат и анализираат јавниот систем на обезбедување јавни добра во рамките на функциите на државата и да стекнат неопходно теориско знаење за институциите на јавните финансии (јавните приходи и јавните расходи) и за нивните ефекти;
  • да подготвуваат адекватни предлози за уредувањето на даночниот систем и водењето ефикасна даночна политика;
  • да направат правилен избор на најдобрите решенија помеѓу повеќе алтернативи, според целите и ефектите кои треба да се постигнат во фискалната, економската или социјалната сфера;
  • брзо да се вклучат во државната управа, претпријатијата и консалтингот проблематиката што ја изучувале.
  • да вршат стручни анализи за функционирањето и ефектите на јавните расходи и даноците.

Содржина на предметната програма: 

•    Вовед во јавните финансии

•    Даночен систем

•    Фискални односи помеѓу различни нивоа на власта

•    Јавниот долг во Република Македонија

•    Пазарниот неуспех и функции на државата

•    Јавни расходи

•    Јавни приходи

•    Јавен долг

•    Буџетски дефицит

•    Фискална политика

•    Фискални односи помеѓу различни нивоа на власта  

•    Буџетски систем

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.