fbpx

Наслов на наставниот предмет

Meѓународна економија

Код

EDIF560

Наставник

Проф. д-р Ирена Кикеркова

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат имаат продлабочени знања од областа и:

·       да владеат со концептот на современата меѓународна економија;

·       да имаат знаење за изворите на интервенционизмот и за концептот на трговските политики на развиените и помалку развиените земји;

·       да владеат со одделните политики на девизен курс и нивното влијание врз цените во меѓународната економија и врз вкупната макроекономска стабилност;

·       да владеат со концептот на оптимална валутна зона;

·       Да владеат со концептот на отворена економија;

·         Да го разбираат функционирањето на глобалниот пазар на капитал.

Содржина на предметната програма: 

Предметот меѓународна економија на втор циклус на студии ги опфаќа: современите трговски теории, трговските политики применувани од развиените и помалку развиените земјји, цените во меѓународната економија и политиките на девизен курс, макроекономските карактеристики на отворена економија, меѓународните финансиски институции и меѓународната макроекономска политика, теоријата на оптимални валутни зони и карактеристиките и политиките на глобалниот пазар на капитал.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.