Статистички методи за бизнис и економија – студиска програма 2017/18

Цел на студиската програма од вториот циклус студии по Статистички методи за бизнис и економија е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на статистиката и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.

Со усвојувањети на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентот да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:

ИНФО СМЕБЕ 2018/2019

Знаење и разбирање:

  • Унапредување на знаењето и зајакнување на аналитичките способности и обучувањето за користење на адекватни софтверски пакети со цел да бидат поефикасни во решавањето на квантитативните проблеми во економијата и бизнисот
  • За избор на најсоодвтените статистички, економетриски и други квантитативни методи при решавање на сложени проблеми од економијата и бизнисот.
  • Спроведување на анализа заснована на примена на повеќе методи и модели , толкување на резултатите од анализата и предлагање на економски и деловни одлуки.
  • Предвидувања на разни појави во економијата и бизнисот врз основа на статистички методи и модели и со користење на статистички софтвери.

Примена на знаењето и разбирањето:

  • Собирање на податоци и креирање на бази на податоци
  • Моделирање и примена на квантитативни и аналитички методи во економијата;
  • Примена на економетриски компјутерски пакети за обработка на податоци;
  • Носење на статистички заклучоци врз основа на информации од различни видови примероци и проценка на можните грешки при заклучувањето.
  • Креирање на економетриски модели и анализа на релациите помеѓу променливите;
  • Анализа на временски серии и проектирање на нивното движење во иднина;
  • Предвидување на движењата на економските временски серии;
  • Примена на статистичките методи во контролата и континуираното унапредување на квалитетот на процесите во производниот и услужниот сектор;

Способност за проценка:

  • Развивање на способност за идентификација на поврзаности во економијата и бизнисот и нивно моделирање
  • Развивање на способност за критичка анализа
  • Практична примена на статистичката и економетриската методологија во комплексната анализа на проблемите со кои се соочуваат економијата и бизнисот
  • Способност за примена на статистичките модели во предвидување на разни појави во економијата и бизнисот;
  • Способност за примена на методите во микро и макро економската анализа.

Комуникациски вештини:

  • Способност да дискутира за примена на соодветен метод при истражување на одреден економески или бизнис проблем
  • Способност да дискутира за добиените откритија, резултати и заклучоци од истражувањата направени со примена на статитичките методи и модели
  • Способност за професионална комуникација со експерти од соодветната област и учество во научно-истражувачки проекти

Вештини на учење:

  • Способен е за успешно совладување на теоретските основи преку читање, слушање и меморирање, правилно организирање и користење на времето
  • Демонстрира способност за вклучување во активно учење, способност да се служи со научно-истражувачки методи и да користи релевантна литература во своите анализи
  • Способен е да анализира конкретни студии на случај и да анализира научни трудови од соодветната област
Семестар   1
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
STM 513 Мултиваријационa анализа 40 7,00 Марија Трпкова – Несторовска
STM 515 Теоретска економетрија 40 7,00 Весна Буцевска
STM 510 Анализа на временски серии 40 7,00 Марија Трпкова – Несторовска

Семестар   2
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
STM 508 Финансиска економетрија 40 7,00 Владимир Филиповски
STM Магистерски труд 40 16,00
Зимски
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
STM 5999.2 Финансиски менаџмент 40 7,00 Сашо Арсов
STM 512 Математичка статистика 40 7,00 Игор Ивановски
STM 5999.3 Избрани проблеми од микро и макро економија 40 7,00 Таки Фити
STM UKIM Изборен предмет од Листа на УКИМ 40 2,00
Летен
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
STM 514 Напредна економетрија 40 7,00 Весна Буцевска
STM 516 Статистичка контрола на квалитет 40 7,00 Весна Буцевска
STM 511 Демографски методи 40 7,00 Марија Трпкова – Несторовска

Линк до Статистички методи за бизнис и економија – студиска програма 2022/23

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.