fbpx

Важна информација

Почитувани,

во тек е ажурирање на содржините на новата веб страна на Економскиот факултет – Скопје и поради тоа може да имаа одредени задоцнувања. Последни информации за студиумот, врз основа на акредитацијата, може да добиете на следниов ЛИНК

Европски студии

Цел на студиската програма од вториот циклус студии од областа на Европски студии е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на европските студии и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.

Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:

Знаење и разбирање:

  • Покажува знаење и разбирање за актуелните аспекти на процесот на регионално интегрирање, со посебен акцент на процесите во рамките на Европската унија.
  • Покажува знаење и разбирање за актуелните аспекти на заедничките политики на Европската унија.
  • Покажува знаење за практиката, политиките и регулативата на Европската унија заради потребата од хармонизација на националната регулатива и практика на Република Северна Македонија со еврoпското законодавство.
  • Покажува знаење за европското бизнис окружување и начините за подигање на конкурентноста на нашите фирми на европскиот пазар преку избор на соодветна стратегија, компатибилна со современата меѓународна бизнис практика.

 Примена на знаењето и разбирањето:

  • Успешно ги интерпретира случувањата во процесите на регионално интегрирање, особено во рамките на Европската унија;
  • Ги користи знаењата за заземање критички став за предностите и слабостите на заедничките политики на Европската унија;
  • Професионално ги користи знаењата за преземање на потребните реформи што треба да се спроведат во земјата заради стекнување на статусот на полноправна членка на ЕУ;
  • Ги применува знаењата за европското бизнис окружување во насока на подигнување на конкурентноста на домашните компании за настап на Внатрешниот европски пазар.

Способност за проценка:

  • Покажува способност за изведување заклучок или мислење за предностите и недостатоците на процесот на регионално интегрирање;
  • Покажува способност за прибирање, анализирање, оценка и презентирање информации за поважните заеднички политики на Европската унија и за предложените решенија во нивни рамки;
  • Демонстрира способност за проценка на потребните реформски чекори во земјата за стекнување на статусот на полноправна членка на ЕУ;
  • Покажува способност за препознавање на можностите за подигнување на конкурентноста на домашните компании за настап на Внатрешниот европски пазар.

Комуникациски вештини

  • Поседува способност за професионална комуникација со други професионалци од соодветната област, како и со претставници на институциите на системот;
  • Покажува способност да функционира ефикасно како дел од професионален тим ангажиран на проекти во врска со евроинтеграциските процеси;
  • Покажува способност за независно учество во научни и професионални дискусии, како и учество во научно-истражувачки проекти;
  • Поседува критички способности за предлагање мерки и решенија во врска со измените на условите во европското бизнис окружување.

Вештини на учење:

  • Поседува способност за анализирање, разбирање, меморирање и истражување на содржини од областа на Евроинтеграциите;
  • Поседува способност за правилно организирање и користење на времето;
  • Поседува способност за критичка анализа и генерирање на идеи во насока на решавање проблеми од секојдневната практика;
  • Покажува интерес за континуирана едукација и професионален развој на повисоки образовни нивоа.

Квалификација која се стекнува:

Магистер по Европски студии.

 

Семестар   1
ШифраПредметЧасовиКредитиПредавачи
EUS 512Европски економски интеграции307,00

проф. д-р Ирена Кикеркова;

проф. д-р Елена Макревска Дисоска

EUS 515Монетарна и
фискална политика
во ЕУ
307,00проф. д-р Ѓорѓи Гоцков
EUS 513Право и регулатива во ЕУ307,00проф. д-р  Сашо Георгиевски

Семестар   2
ШифраПредметЧасовиКредитиПредавачи
EUS 514Регионални трговски
договори и СТО
307,00проф. д-р Катерина Тошевска Трпчевска
EUSМагистерски труд 16,00 
Зимски
КодПредметЧасовиКредитиПредавачи
EUS 517Европско бизнис окружување307,00проф. д-р Љубомир Дракулевски
EUSЕдинствен пазар на ЕУ307,00проф. д-р Елена Макреска Дисоска
EUS 518Социјална политика и пазар на трудот во ЕУ307,00 Академик Таки Фити
Летен
КодПредметЧасовиКредитиПредавачи
EUS 511Современи тенденции во светското стопанство307,00проф. д-р Ирена Кикеркова
EUS UKIMИзборен предмет од Листа на УКИМ302,00 
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.