Наслов на наставниот предмет

Социјална политика и пазарот на труд во ЕУ

Код

EUS 518

Наставник

Проф. д-р Гоце Петрески

Цели на предметната програма (компетенции): 

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:

·         поседуваат продлабочен фонд на знаење за логиката на функционирање на современите пазари на труд врз основа на стандардните и новите теоретски пристапи во оваа област;

·         дискутираат и објаснуваат битните карактеристики на пазарот на труд на ЕУ – во одделните земји и на ниво на ЕУ, причините за постојните ригидности и релативно високите стапки на невработеност на земјите членки на ЕУ, да врши споредби со пазарот на труд во САД и да ги елаборира суштинските елементи на социјалната политика на ЕУ – по земји и на ниво на ЕУ

·         идентификуваат и сумираат релевантни искуства и поуки за Македонија и тоа како во доменот на функционирањето и регулацијата на современите пазари на труд, така и во доменот на социјалната политика.

Содржина на предметната програма:

1.                 Теоретски основи за социјалната политика 

2.                 Карактеристики на социјалната политика во Европската унија 

3.                 Основни домени на социјалната политика на Европската унија 

4.                 Проблемот на вработување и неговото финансирање 

5.                 Теоретски основи на функционирањето на пазарот на трудот 

6.                 Ортодоксен приод кон функционирањето на пазарот на трудот 

7.                 Институционален приод кон функционирањето на пазарот на трудот 

8.                 Размената меѓу невработеноста и инфлацијата 

9.                 Пазарот на трудот во ЕУ и САД – компаративна анализа

10.             Основни карактеристики на социјалната политика и пазарот на трудот во Р.М.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.