Почитувани,
последни информации за студиумот, врз основа на акредитацијата, може да добиете на следниов ЛИНК
Раководител: проф. д-р Даниела Бојаџиева
Секретар: проф. доц. Маријана Цветаноска
Оделение за студентски прашања: 02/3286-829
Цел на студиската програма е да им овозможи на студентите да се стекнат со современи и проширени знаења од областа на управувањето со јавниот сектор, за економските политки и поврзаноста на јавниот сектор со другите сектори во еконмијата, како и да се стекнат со специфични вештини за управување со процесите во јавниот сектор имајќи ги предвид новите предизвици во сé посложеното економско, технолошко и општествено окружување.
Република Северна Македонија, како земја во развој, настојува да изгради стартегија за оставрување повисоки стапки на економски раст и забран економски и општествен развој. Во остварувањето на таа цел, улогата на јавниот сектор е од посебно значење. Оттука, за македонската економија од особено значење е развој на соодветни стратегии за реформирање и зголемување на ефикасноста на јавниот сектор. Во таа насока треба да се зголеми квалитетот на услугите кои ги нуди јавниот скетор, да се зајакне и адекватно да се постави економската и социјалната регулација во земјата, да се јакне кадровскиот капацитет во јавниот сектор преку вложување во ново знење, да се дигитализациираат процесите и активностите кои се остваруваат во рамките на јавниот сектор. Јавниот сектор да ја зајанкне и ефикасно да ја исполнува совјата задача во поттикнувањето и забрзувањето на локалниот економски развој преку активно користење на формите на јавно-приватно партнерство и домаќински и одговорно финансирање на проектите од јавен интерес. Понатаму, унапредување на соработката и активното партнерство на деловниот сектор и јавната администрација со цел воспоставување интерактивен процес на креирање знаења и оценување на нивната практична релевантност.
Тоа создава потреба од студиска програма за втор циклус студии од областа на управувањето во јавниот сектор, која ќе понуди соодветни знаења, спсобности и вештини од овие области во рамките на економските науки. Ваквите знаења, способности и вештини се неопходни за сите оние кои се ангажирани во институциите од јавниот сектор во кои се дизајнираат и реализираат макроекономските и микроекономските политики, односно структурните реформи насочени кон создавање услови за забрзан економски раст и развој. Паралелно со тоа се јавува и потреба за научно-стручна и независна анализа и евалуација на спроведените економски политики и реформи, со цел предлагање мерки за поефикасно и поефективно спроведување на истите.
Студиската програма по Управување во јавниот сектор е структурирана на начин што овозможува стекнување знаења и квалификации од пошироката област на јавните политики и управувањето со јавните претпријатија. По завршувањето на студиите од втор циклус по Управување во јавниот сектор, студентите ќе се стекнат со знаење, вештини и компетенции кои ќе им овозможат да се ангажираат и унапредуваат во повеќе кариерни дисциплини: управување со процесот на локалниот економски развој, анализа и оценување на макроекономските и микроекономските развојни политики, анализа и оценување на јавните инвестициони проекти, развој на стратегии и политики за адекватно управување со регулацијата на бизнисот, управување со централните и локалните финансии, развој на социјални програми и политики, управување со јавните набавки, јакнење на менаџерските капацитети во јавните претпријатија, развој на адекватни маркетинг и комуникациски стратегии во јавните претпријатија и државните институции, управување со процесите на дигитализацијата во јавниот сектор.
Целината на знаења која ја нуди студиската програма Управување во јавниот сектор ќе ги подготви студентите за успешна кариера и ќе им овозможи да се ангажираат во јавниот сектор (јавните претпријтија, министерствата, регулаторните институции и државнит агенции, во единиците на локалната самоуправа и сл.). Според кадровската провласфилираност, магистрантите од оваа студиска програма ќе стекнат способности и квалификации за анализа и евалуација на: стратегиите и политиките на стимилирање на економскиот раст и развој и политиките на привлекување странски директни инвестиции и други форми на финансирање на економскиот развој. Потоа ќе ги зајакнат претприемничките и менаџерските вештини за успешно справување со предизвиците во функционирањето на јавниот сектор во целина.
Последипломските студии се организирани во два семестри. Во текот на студиите треба да се положат 7 предмети за кои се организирани предавања, континуирано испитување и оценување, а потоа се изработува магистерски труд. Бројот на часовите за редовна и менторска настава се определува според бројот на пријавени студенти.
ЦЕЛИ
Цел на студиската програма е да им овозможи на студентите да се стекнат со современи и продлабочени знаења од областа на управувањето со јавниот сектор и администрацијата, анализа на политиките и релациите со другите сектори поврзани со јавниот сектор, како и со специфични вештини за примена на овие знаења во практика.
Со усвојувањето на сознанијата, од студентот се очекува да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини.
Знаење и разбирање:
Примена на знаењето и разбирањето:
Способност за проценка:
Комуникациски вештини:
Вештини на учење:
Квалификација која се стекнува: Магистер по економски науки – Управување во јавниот сектор.
ПОНАТАМОШНИ СТУДИИ
Студентите можат да се запишат на докторски студии кои се организираат од страна на Економскиот факултет во Скопје, или на меѓународни универзитети во странство.
|
Код |
Полн назив на предметната програма |
Наставник |
Број на часови |
ЕКТС |
|
PSM 510 |
Управување со промените |
Проф. д-р Предраг Трпески |
40 |
7 |
|
PSM 511 |
Економија на јавниот сектор |
Проф. д-р Љубомир Кекеновски |
40 |
7 |
|
PSM 514 |
Инструменти на државна регулација |
Проф. д-р Трајко Славески |
40 |
7 |
|
PSM 517 |
Локален економски развој |
Проф. д-р Пеце Недановски |
40 |
7 |
| Листа на УКИМ | Предмет од Листата на УКИМ | 10 |
2 |
| Код | Полн назив на предметната програма | Наставник | Број на часови | ЕКТС |
|---|---|---|---|---|
| PSM | Магистерски труд | 40 | 16,00 |
| Код | Полн назив на предметната програма | Наставник | Број на часови | ЕКТС |
|---|---|---|---|---|
| PSM UKIM | Изборен предмет од Листа на УКИМ | 10 | 2,00 |
|
Код |
Полн назив на предметната програма |
Наставник |
Број на часови |
ЕКТС |
|
PSM 512 |
Корпоративно управување и теорија на игри |
Проф. д-р Љубомир Дракулевски |
40 |
7 |
|
PSM 513 |
Економија на јавниот избор |
Проф. д-р Трајко Славески |
40 |
7 |
|
PSM 515 |
Инвестиционо одлучување во јавниот сектор |
Проф. д-р Александар Наумоски |
40 |
7 |
|
PSM 516 |
Човечките ресурси во јавниот сектор |
Проф. д-р Предраг Трпески |
40 |
7 |
|
PSM 518 |
Јавна администрација и јавна одговорност |
Проф. д-р Сашо Ќосев |
40 |
7 |
|
PSM 519 |
Јавно-приватно партнерство |
Проф. д-р Пеце Недановски |
40 |
7 |
|
PSM 520 |
Управување во јавните претпријатија |
Проф. д-р Љубомир Кекеновски |
40 |
7 |
|
PSM 521 |
Управување со информациите и знаењето во јавниот сектор |
Проф. д-р Пеце Недановски |
40 |
7 |
|
PSM 522 |
Современи предизвици во управувањето со локалните јавни финансии |
Проф. д-р Предраг Трпески |
40 |
7 |
Во 2025 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 75 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани