Јавен повик за студенти-тутори

Програма студент тутор · Центар за кариера, Економски факултет – Скопје

⏳ Рок за пријавување: 20.11.2026

Економскиот факултет – Скопје, преку Центарот за кариера, објавува јавен повик за избор на студенти-тутори во рамките на Програмата студент тутор.

Програмата има за цел да воспостави организиран систем на академска поддршка, преку кој студенти со добри академски постигнувања ќе обезбедуваат дополнителна поддршка на свои колеги при совладување на наставните содржини и успешно напредување во студиите.

Програмата претставува дополнителна форма на студентска поддршка и не ги заменува редовната настава, вежбите и консултациите со наставниот кадар.

Рок за пријавување20.11.2026
Пријава на е-мејлMarijana.Sekulovska@eccf.ukim.edu.mk
Контакт телефон02/3286-835
Достави пријава по е-пошта Marijana.Sekulovska@eccf.ukim.edu.mk · рок до 20.11.2026

Кој може да се пријави?

На повикот може да се пријават студенти на Економскиот факултет – Скопје кои:

  • имаат успешно положен предмет за кој се пријавуваат како тутор со оцена 9 или 10;
  • покажуваат високо ниво на познавање на предметната материја;
  • имаат добар академски успех;
  • поседуваат развиени комуникациски и интерперсонални вештини;
  • се одговорни, мотивирани и подготвени да им помогнат на своите колеги;
  • се подготвени редовно да учествуваат во активностите предвидени со програмата.

При изборот може да биде побарано и мислење или препорака од предметниот наставник.

Улога на студентот-тутор

1

Обезбедуваат индивидуална или групна академска поддршка на студенти.

2

Помагаат во појаснување на наставни содржини, задачи и практични примери.

3

Споделуваат ефективни пристапи и техники за учење.

4

Ги реализираат туторските средби согласно однапред утврден распоред.

5

Водат редовна евиденција за реализираните активности.

6

Ги почитуваат принципите на професионалност, еднаков третман, доверливост и академски интегритет.

Начин на реализација

По завршувањето на постапката за избор, избраните студенти ќе поминат кратка ориентација за начинот на работа во рамките на програмата.

Туторските активности ќе се реализираат согласно Оперативен план, а за секоја активност ќе се води соодветна евиденција преку Евиденција на туторски активности.

Програмата ќе биде координирана од Центарот за кариера на Економскиот факултет – Скопје, во соработка со предметните наставници и другите релевантни служби на Факултетот.

Потребни документи за пријавување

  1. име и презиме, департман, година на студии, број на индекс;
  2. доказ за положен предмет/предмети за кои се пријавуваат како тутор, со копија од индексот каде е внесена оценката/оценките;
  3. информација за предметот/предметите за кои се пријавуваат како тутор;
  4. кратко образложение на мотивацијата за учество во програмата;
  5. податоци за академскиот успех и оценката по предметот за кој се пријавуваат;
  6. контакт-податоци (телефон и е-mail).

Рок за пријавување: 20.11.2026

Сите горенаведени документи е потребно да се поднесат/испратат до е-мејл: Marijana.Sekulovska@eccf.ukim.edu.mk (раководител на Центарот за кариера).

Постапка за избор

По истекот на рокот за пријавување, доставените пријави ќе бидат разгледани согласно утврдените критериуми. По потреба, кандидатите може да бидат повикани на краток разговор.

Избраните студенти ќе бидат навремено информирани за резултатите од постапката и за следните чекори во реализацијата на програмата.

Учеството во Програмата студент тутор претставува можност студентите да придонесат кон академскиот успех на своите колеги, истовремено развивајќи сопствени комуникациски, лидерски, организациски и менторски вештини.

Дополнителни информации: Центар за кариера, Економски факултет – Скопје · Marijana.Sekulovska@eccf.ukim.edu.mk · тел. 02/3286-835