Вовед во економија на животната средина
Наслов на наставниот предмет | Вовед во економија на животната средина |
Код | ECN 120 |
Наставник | Проф. д-р Пеце Недановски |
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет,студентите треба да бидат способни: · да ги познаваат стандардните микроекономски пристапи: Парето- оптималност, екстерни ефекти, подготвеност да се плати, подготвеност да се прифати, трансакциони трошоци итн. и тоа од аспект на нивната примена кај проблемите на загадување на животната средина; · да ги анализираат одделните проблеми со загадување на животната средина од аспект на нивните консеквенции врз националната економија; · да извршат евалуација на условите во кои може да се применат економските мерки и инструменти на политиката на заштита на животната средина, во рамки на една национална економија; · да ја познаваат и критички да ја оценуваат системската поставеност и начинот на водење на политиката на заштита на животната средина во Македонија. | |
· Содржина на предметната програма: · Современи пристапи во науката во врска со заштитата на животната средина · Сопственичките права, екстерналиите и еколошките проблеми · Еколошки стандарди, даноци и разменливи дозволи за загадување · Глобални проблеми со квалитетот на животната средина · Заштита на животната средина во одделни земји: меѓународни искуства · Заштита на животната средина во Македонија |