Деловно планирање

Деловно планирање

Наслов на наставниот предмет

Деловно планирање

Код

MGT 330

Наставник

Проф. д-р Стојан Дебарлиев

Цели на предметната програма (компетенции):

Цел на предметната програма Деловно планирање е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на планската активност во претпријатијата и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели предметната програма ќе ги обработи теоретските аспекти на деловното планирање, а потоа ќе се фокусира на нивната практична примена.

Со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите ќе можат:

·       Да го разберат значењето и неопходноста од планското делување на претпријатијата при нивното функционирање;

·       Да ги определат елементите на содржинскиот приод кон планирањето;

·       Да бидат оспособени да подготвуваат плански одлуки за цели, политики и планови, како финални производи на процесот на планирање;

·       Да ја применат методологијата и методите за планирање при изработката на стратегиските, оперативните и бизнис плановите во претпријатијата

Содржина на предметната програма:

·       Суштина и важност на планирањето

·       Целите – производ на планирањето

·       Деловната политика – производ на планирањето

·       Планот – производ на планирањето

·       Карактерот на стратегиското планирање

·       Методи и техники за стратегиско планирање

·       Методи и техники за оперативно планирање

·       Изработка на успешен бизнис план

·       Физибилити анализа на бизнис идеја

·       Креирање ефективен бизнис модел

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.