Дигитална економија

Дигитална економија

Наслов на наставниот предмет

Дигитална економија

Код

EBU210

Наставник

Проф. д-р Калина Треневска Благоева

Цели на предметната програма (компетенции):

·       да ја разберат појмовната определеност, значењето и суштината на дигиталнатаекономија;

·       да ја разберат информацијата како економско добро, економиката на информациските добра и да се запознаат со нивните карактеристики, креирањето на цени и верзии;

·       да ги осознаат стратегиите за конкуренција кои се применуваат во мрежната економија;

·       да ги осознаат начините како дигитализацијата го трансформираат бизнисот преку конвергенција на користењето и купувањето;

·       да ги осознаат функциите и карактеристиките на е-Владата;

·       да ги разберат политиките на глобален план и особено на ЕУ за поддршка на информациското општество;

·       да бидат способни за работа во тимови;

·       да ги применуваат стекнатите знаења во анализа на нови можности на организациите во светот на дигиталната поврзаност.

Содржина на предметната програма:

Ќе биде образложена информациска економија и економикатанаинформациите, како и промените што се случуваат кај Портеров концепт на конкуренција во дигиталната економија. Особено внимание ќе се посвени на создавање на вредност и формирање цени на информации. Ќе се анализираат и карактеристиките на производите кои се најсоодветни за тргување преку интернет. Се изучуваат верзии на информации и креирање на врзопи на информации. Ќе се разгледува и менаџментот со права. Најмногу внимание ќе се посвети на менаџирање на заклученост, мрежни ефекти и позитивна повратна врска, како и на стратегиите во мрежни пазари, градењето алијанси и отвореност. Се разгледуваат ефектите на дигитализацијата и технологиите врз стопанството организациските структури. Ќе се разгледува и развој на концептот на е-Влада во светот и во Република Македонија, како и политики на поддршка.

 

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.