Економика на Македонија
Наслов на наставниот предмет | Економика на Македонија |
Код | ECN 240 |
Наставник | Проф. Пеце Недановски |
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет,студентите треба да бидат способни: · да ги разбираат основните концепти на економскиот систем и економската политика кои се користат во економијата, од теоретски и практичен аспект; · да ги познаваат методите за проучување на економските појави и за презентирање на сознанијата од аспект на нивната конкретна примена; · да ги разбираат одделните потсистеми во економскиот систем на Македонија преку идентификување на нивните основни карактеристики; · да ги знаат носителите, мерките и инструментите на економската политика со оглед на тоа какво е нивното влијание врз економските текови во една национална економија; · да ги анализираат конкретните мерки и инструменти на економската политика применети во македонската економија, врз основа на нивниот придонес во решавањето на одделни проблеми (економската нестабилност, инфлацијата, невработеноста и др.). | |
Содржина на предметната програма: Економскиот систем, економската политика и економската активност Развојот и карактеристиките на економскиот систем на Македонија Институционалната структура во економскиот систем на Македонија Цели, задачи и инструменти на економската политика на Македонија Структурата и структурните промени во стопанството на Македонија Невработеноста и инфлацијата во Македонија Економскиот раст и развој на Македонија.
|