Наслов на наставниот предмет | Емпириски финансии |
Код | МЕ 5194 |
Наставник | Проф. д-р Горан Петревски Проф. д-р Владимир Филиповски |
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да: · да се запознаат со најважните ризици во работењето на банките и другите финансиски институции, · да ги познаваат техниките на управување со средствата и обврските, · да ги познаваат моделите за мерење на ризиците на поединечна основа и на ниво на портфолио, · да се запознаат со техниките за заштита од ризиците. | |
Содржина на предметната програма: 1. Случајни варијабли и случајни процеси 2. Модели на кредитен ризик, 3. Модели на оперативен ризик 4. Предвидување на финансиските проблеми на фирмите – Зета модел 5. Вредност изложена на ризик 6. Моделирање на волатилноста на пазарите на акции 7. Тестирање на хипотезата за ефикасни пазари, 8. Портфолио теорија и алокација на средствата 9. Модели на вреднување на средствата и факторски модели 10. Рочна структура на каматните стапки, 11. Мерење на ефикасноста на банките, 12. Емпириски модели на девизните курсеви, 13. Модели на рамнотежен реален девизен курс, |