Е-Бизнис – студиска програма 2017/2018
Дипломираниот економист од областа на е-бизнис се стекнува со продлабочени знаења од областа на информациските системи за деловно работење и е-бизнисот, како и со способности за примена на ова знаење во практиката.
СПЕЦИФИЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ
Дипломираниот економист од областа на е-бизнис се оспособува за примена на техники за управување со ИКТ во претпријатијата, воведување на современи софтверски решенија за е-бизнис, подобрување на бизнис процесите, анализа на пазарите за специфични производи, новите начини на вмрежување на потрошувачитеи организациите, како и за управување со големиот обем на бизнис податоци.
Според тоа, работните места на кои овие кадриможат да се вработуваат се компаниите од приватниот и јавниот сектор, јавните установи и јавната управа, граѓанските здруженија и други институции.
Општи и специфични дескриптори на квалификацијата
Со усвојувањето на наставните содржини на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:
Знаење и разбирање:
- Покажување на знаење од областа на бизнис информациските системи, менаџментот со бизнис податоци, менаџментот на ИКТ, мрежните пазари и конкуренцијата. Ова знаењетреба да биде користено од страна на компаниите заради подржување на нивната дигитализацијата и бизнис стратегија.
- Покажува знаење од областа на интернет маркетингот, системите за управување на односите со купувачите, комплексните мрежни комуникации, како и користење на социјалните медиуми во насока на остварување на бизнис стратегиите.
- Знаење и вештини за дефинирање и анализирање на бизнис процесите, како и управување со нив во насока на подобрување на организациските перформанси и резултати во работењето на компанијата.
- Демонстрира знаење за специфични софтверски алатки имплементирани во претпријатија, презентирајќи ги од теоретски и практичен аспект.
Примена на знаењето и разбирањето:
- Ги применува теоретските познавања со помош на кои успешно развива на интернет маркетинг комуникациски план.
- Самостојно комбинира и развива план за тоа како соодветни ИКТ можат да бидат користени од страна на компаниите за да ја подржат имплементацијата на е-бизнисот.
- Ги применува теоретските принципи за имплементирање на софтверски алатки за деловно работење.
Способност за проценка:
- Покажува способност за анализа на е-бизнис процесите и идентификување на релевантните информации, неопходни за менаџирањето со овие процеси.
- Покажува способност за идентификување и прибирање на релевантни примарни и секундарни податоци, неопходни за истражување на проблемите и ситуациите со кои се соочуваат компаниите во дигиталното окружување.
- Демонстрира способност за анализа и интерпретација на добиените податоци и нивна примена во насока на унапредување на конкурентоста на претпријатијата во гло балното дигитално окружување.
Комуникациски вештини:
- Покажува способност за тимска работа, иницира дискусии, но и активно го слуша соговорникот.
- Успешно ги применува принципите и кодексите на професионалното деловно комуницирање.
- Покажува способност за успешна презентација на добиените резултати од спроведените истражувачки проекти.
- Поседува разбирање на психолошките процеси врз основа на кои се базира човековото однесување генерално, како и интеракциите со ИКТ.
Вештини на учење:
- Поседува развиени вештини за учење – читање, меморирање, слушање, интерактивно учество, набљудување и анализа.
- Демонстрира способност за критичка оцена на презентираните идеи, нуди оригинални решенија и успешно се справува со секоја поставена задача.
- Ги препознава сопствените интереси во областа на е-бизнисот и успешно се стекнува со нови знаење и вештини.
Прва година задолжителни предмети | ||||
Р.бр. | Шифра | Предмет | Часови | ECTS |
Зимски семестар: | ||||
1 | ECN 110 | Основи на економијата | 6+0 | 8 |
2 | MST 110 | Математика за економисти | 4+2 | 8 |
3 | АCC 110 | Основи на сметководство | 4+2 | 8 |
4 | INT 110 | Трговско право | 4+2 | 8 |
Летен семестар: | ||||
5 | MST 120 | Статистика за бизнис и економија | 4+2 | 8 |
6 | EBU 110 | Основи на е-бизнис | 4+2 | 8 |
Втора година задолжителни предмети | ||||
Зимски семестар: | ||||
1 | MGT 210 | Основи на менаџмент | 6+0 | 8 |
2 | МКТ 210 | Основи на маркетинг | 4+2 | 8 |
3 | EBU 210 | Дигитална економија | 4+2 | 8 |
Летен семестар: | ||||
4 | EBU 230 | Информациони технологии | 4+2 | 8 |
5 | EBU 220 | Интернет маркетинг | 4+2 | 8 |
Трета година задолжителни предмети | ||||
Зимски семестар: | ||||
1 | EBU 310 | Бази на податоци за бизнис | 4+2 | 8 |
2 | МGT 390 | Финансиски менаџмент | 6+0 | 8 |
3 | EBU 320 | Бизнис логистика | 4+2 | 8 |
Летен семестар: | ||||
4 | EBU 330 | Дизајн и развој на веб | 4+2 | 8 |
5 | EBU 340 | Менаџмент на бизнис процеси | 4+2 | 8 |
Четврта година задолжителни предмети | ||||
Зимски семестар: | ||||
1 | EBU 410 | ЕРП системи | 4+2 | 8 |
2 | EBU 430 | Системска анализа и дизајн на информациски системи | 4+2 | 8 |
Летен семестар: | ||||
3 | EBU 420 | Менаџмент на односи со потрошувачи | 4+2 | 8 |
ЗИМСКИ СЕМЕСТАР
- Аграрна политика
- Аналитика на бизнис податоци
- Банкарски менаџмент
- Деловна етика
- Демографија
- Државно сметководство и сметководство на непрофитни организации
- Европски економски интеграции
- Економетрија
- Економија на инвестициите
- Економија на јавниот сектор
- Економика на Македонија
- Економски раст и развој
- Индустриска политика
- Интегрирани маркетинг комуникации
- Jавни финансии
- Квантитативни методи во финансии
- Корпоративно финансиско известување
- Лични финансии
- Макроекономија
- Маркетинг истражување
- Маркетинг менаџмент
- Меѓународен маркетинг
- Меѓународни организации и интеграции
- Меѓународни трговски трансакции
- Меѓународни финансии
- Менаџмент на информациони системи
- Менаџмент на човечки ресурси
- Методи на макроекономската анализа
- Микроекономија
- Монетарна и фискална политика во ЕУ
- Надворешна трговија
- Национални сметки
- Однесување на потрошувачите
- Оперативен менаџмент
- Операциони истражувања
- Сметководствени информациони системи
- Статистичка контрола на квалитет
- Стратегиски менаџмент
- Теорија на организација
- Управување со производот
- Финансиско сметководство
ЛЕТЕН СЕМЕСТАР
- Анализа на временски серии
- Анализа на финансиски извештаии
- Банкарство
- Вовед во економија на животната средина
- Глобалната економија и економските системи
- Деловно комуницирање
- Деловно планирање
- Директен маркетинг
- Државна регулација на бизнисот
- Е-бизнис иновации
- Единствен пазар на ЕУ
- Економија на иновации
- Економија на трудот
- Економија на социјална држава
- Економска статистика
- Инвестиционен менаџмент
- Интерна ревизија
- Локални финансии
- Маркетинг на услуги
- Маркетинг преку социјални медиуми
- Меѓународен менаџмент
- Меѓународна економија
- Меѓународно сметководство
- Менаџмент во осигурување
- Менаџмент на мал бизнис
- Менаџмент на набавки
- Менаџмент на перформанси
- Менаџмент на промени
- Менаџмент на ризик
- Менаџмент на финансиски институции
- Монетарна економија
- Мултилатерален трговски систем
- Мултилатерална трговска регулатива
- Односи со јавноста
- Организациско однесување
- Основи на бизнис аналитика
- Политика на цени
- Претприемништво
- Проект менаџмент
- Развој на економската мисла
- Регионална и урбана економија
- Ревизија
- Сметководствени контролни системи
- Теории на надворешната трговија
- Теорија на одлучување
- Управување со маркетинг каналите
- Управување со системите
- Управувачко сметководство I
- Управувачко сметководство II
- Финансиска економетрија
- Финансиска и актуарска математика
- Финансиски пазари и институции
- Хартии од вредност и портфолио менаџмент