Катедра - Менаџмент
Google Scholar
ORCID
ResearchGate
Приемно време:
Понеделник: 10 -12h
Четврток: 10 - 12h
Бојан Китановиќ е роден на 07.12.1998 година во Скопје. Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2021 година како Magna Cum Laude. Во текот на своето студирање се стекнува со признанија и стипендии од страна на Економскиот факултет – Скопје и Министерството за образование и наука. Неговиот дипломски труд беше избран за најдобар дипломски труд. Во академската 2021/2022 година се запишува на постдипломски студии на студиската програма MBA in Strategic Human Resource Management каде магистрира како прв магистер по организациски науки на оваа програма со просечна оценка 10,00 на тема „Примената на вештачката интелигенција во човечките ресурси за деконструкција и реконструкција на работните места/The Adoption of AI in HR for Deconstructing and Reconstructing Jobs“. Моментално е студент на трет циклус на студии на Универзитетската школа за докторски студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на програмата Организациски науки и управување (менаџмент).
Како студент на втор циклус, ангажиран е за демонстратор на Катедрата за Менаџмент и подоцна е вработен како асистент на Катедрата за Менаџмент во научната област менаџмент и бизнис. Тој има повеќегодишно искуство во граѓанскиот сектор и претприемачкиот екосистем преку работа на меѓународни проекти како проектен менаџер, програмски координатор, одговорно лице за мерење влијание, модератор на меѓународни настани, обучувач и слично. Тој исто така е активен придонесувач во Јунус центарот за социјални бизниси при Економски факултет – Скопје и Центарот за податоци и информации на ЕУ (ЕУи) при Економски факултет – Скопје.
Бојан се јавува како самостоен автор и коавтор на повеќе од 20 релевантни научни публикации и тоа меѓународни научни публикации со фактор на влијание/импакт фактор, трудови во научни списанија индексирани во реномирани светски бази како Web of Science, Scopus и EBSCO, книги во издание на Springer, зборници на факултетот, зборници на конференции, блогови, водичи и други публикации. Во текот на својата работна кариера има учествувано на бројни обуки, семинари, работилници и конференции во организација на релевантни домашни и меѓународни организации и високо-образовни институции. Тој е вклучен во повеќе од 5 меѓународни и национални научно-истражувачки и апликативни проекти, поддржани од УСАИД, Европската Унија преку програмите Erasmus+ и HORIZON Marie Skłodowska-Curie Actions, WIDERA и слично како млад истражувач и заменик ко-лидер на работен пакет.
Бојан досега има реализирано два академски студиски престои на Универзитетот Нортамбрија во Велика Британија и Универзитетот во Љубљана, Словенија.
Има одлично познавање на алатките на IBM SPSS, AMOS, Adobe и напредно познавање на Microsoft Excel и останатите софтверски решенија на Microsoft. Активно и на високо ниво ги познава англискиот и германскиот јазик.
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани