Катедра за Сметководство и ревизија
Google Scholar
ORCID
ResearchGate
Приемно време:
Понеделник: 10 -12h
Петок: 10 - 12h
Иван Дионисијев е роден во Скопје на 27.08.1991 година, каде што завршува основно, средно и високо образование. Средното образование го завршува во гимназијата „Орце Николов“, билингвална паралелка на француски јазик, со што во текот на средното образование е дел од успешен проект за размена на ученици во Република Франција и воедно се стекнува со Диплома за положена француска матура. По завршувањето на средното гимназиско образование, школувањето го продолжува на департманот Сметководство и ревизија на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Дипломира во јуни 2013 година со просечен успех од 9.4. Во 2013 година, се запишува на втор циклус студии на Економскиот факултет во Скопје во областа на сметководството, кои ги завршува во април 2017 година успешно бранејќи го магистерскиот труд на тема: „Јавна внатрешна финансиска контрола во Република Македонија“.
На 12 ноември 2013 година се вработува во Државниот завод за ревизија на работното место: помлад ревизор за ревизија на економија – буџетски корисници и единки корисници и трговски друштва. Како дел од Државниот завод за ревизија учествува во проектот „Implementation of the Audit Management System (AMS) MAK-12/015“, реализиран со техничка помош на Канцеларијата на Главниот ревизор на Норвешка (2013-2017 година). Исто така тој е дел од твининг проектот “Further strengthening of the capacities and efficiency of the State Audit Office for performing external audit MK 13 IPA FI 01 17R. За време на работењето во Државниот завод за ревизија, зема активно учество како модератор на работилници на втората и третата конференција за млади организирана од EUROSAI во Ерусалим и Талин, како и учество во семинар за формирање на работна група за ревизија на општини при EUROSAI во Варшава.
Со избор на соработник Асистент во научната област сметководство, на 27 декември 2019 година се вработува на Економскиот факултет. Од денот на неговото вработување на факултетот до денес, учествува на повеќе од 15 меѓународни академски и стручни конференции со презентација на трудови од областа, од кои се издвојуваат: 45-от и 44-от Конгрес на Европската асоцијација на сметководители (EAA) во Хелсинки и во Берген, работилница на Европската група за јавна администрација (EGPA) во Загреб, 18-та меѓународна конференција за сметководствени и менаџмент информациони системи (AMIS) во Букурешт, прва меѓународна конференција за современ финансиски менаџмент (CFMC) во Белград и други. Тој е автор на повеќе од 20 научни труда, објавени во меѓународни научни списанија индексирани во реномирани светски бази. Во 2022 година има остварено студиски престој на Економскиот факултет во Загреб.
Иван е дел од двегодишна програма за развој на млади истражувачи организирана од Меѓународната асоцијација за сметководствено образование и истражување (IAAER) од САД и Асоцијацијата на овлстени сметководители (ACCA) од Англија.
Покрај своето богато академско искуство, учествува во повеќе меѓународни проекти како консултант/експерт од кои најзначајни се Efficient Public Sector Asset Management (EPSAM) и Public Accountants Certification Program (PACT) спонзорирани од Министерството за надворешни работи на Република Словенија, а реализирани преку Центар за извонредност во финансиите (CEF) на Словенија.
Во 2021 година, Иван е ангажиран како индивидуален консултант ангажиран од страна на Овластениот институт за јавни фианнсии и сметководство (CIPFA) од Англија.
Вежби:
Основи на сметководство – прва година
Ревизија – трета година
Интерна ревизија – четврта година
Конференциии
Експертски активност (Консултантски услуги)
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани