Катедра за Сметководство и ревизија
Google Scholar
ORCID
ResearchGate
Приемно време:
Понеделник: 10 -12h
Четврток: 10 - 12h
Тодор Тоцев е роден на 04.10.1996 година во Скопје каде што го започнува и тековно продолжува својот континуиран професинален развој. Дипломирал на Економскиот факултет – Скопје при УКИМ во Скопје во 2019 година на департманот сметководство и ревизија. Истата година е избран за демонстратор на катедрата за сметководство и ревизија, а воедно и активен студент на втор циклус студии Сметководство и ревизија при Економскиот факултет – Скопје. Магистрира во јуни 2021 година, остварувајќи просечен успех 10,00 и успешно бранејќи го магистерскиот труд на тема: „Големи податоци и анализа на податоци во современите ревизорски ангажмани – емпириска анализа на ставот и перцепцијата на домашната ревизорска практика“. Во ноември 2022 година ги започнува своите докторски студии на Економскиот факултет – Скопје при УКИМ, на студиската програма Економски науки, област Сметководство.
Со избор на соработничко звање Асистент во научната област сметководство, на 26 ноември 2021 година, се вработува на Економски факултет – Скопје, при УКИМ.
Во досегашниот професионален развој (2023 година), Тодор е автор и коавтор на повеќе од 12 научно истражувачки трудови и има учествувано на повеќе од 10 меѓународни научни конференции. Со почеток во 2023 година е вклучен во проектот со наслов: “Upskilling researchers for sustainable entrepreneurship based on innovation process management – USE IPM”, финансиран од ЕУ преку програмата Horizon WIDERA 2022-TALENT-03, како млад истражувач. Досега има реализирано академска посета во Стразбур, Франција. Исто така е активно ангажиран и учесник на проекти, обуки, работилници и консултантски услуги организирани од страна на Center of Excellence in Finance (CEF) Словенија, Chartered Institute of Public Finance and Accountancy (CIPFA) Обединето Кралство, Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија (ИОРРСМ), Здружението на внатрешни ревизори на Северна Македонија (IIA – North Macedonia) и компанијата UNITY од Тексас, САД.
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани