Катедра - Математика и статистика
Google Scholar
ORCID
ResearchGate
Приемно време:
Среда: 11 -13h
Четврток: 13 - 15h
Филип Пеовски е роден 1996 година во Скопје. Средното образование го завршува во СУГС „Јосип Броз – Тито” во Скопје. Првиот циклус на студии на Економски факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, го завршува во 2019 година со просечен успех 9,44 на департманот финансиски менаџмент, дипломирајќи на тема „Концентрацијата во македонскиот банкарски сектор”. Веднаш по завршување на дипломските студии, своето академско образование го продолжува на вториот циклус студии по Монетарна економија, финансии и банкарство. Со одбрана на магистерскиот труд насловен како „Имплементација на неконвенционални монетарни мерки – анализа на активноста на Европската централна банка” во 2020 година ги завршува постдипломските студии со просечен успех 10,00. Остварил практична работа во Винер осигурување – Виена Иншуренс Груп АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје.
За време на своите постдипломски студии е ангажиран како демонстратор на Катедрата по Финансии. Започнувајќи од јануари 2021 година тој е ангажиран како асистент во областа на применетата економија, во рамки на Катедрата за Математика и статистика. Моментално е студент на трет циклус студии во рамки на Школата за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во областа на Економските науки.
Автор/коавтор е на повеќе научни трудови објавени во домашни и меѓународни списанија и конференции од областа на макроекономијата, монетарната економија, финансиите и финансиските пазари. Предмет на научноистражувачки интерес му се макроекономијата, применетата економија и финансиите.
Неговите публикации може да се најдат на:
https://www.researchgate.net/profile/Filip-Peovski
https://scholar.google.com/citations?user=FSSaubUAAAAJ&hl=en
https://orcid.org/0000-0002-7988-7403
Математика за економисти
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани