Катедра за Економија
Google Scholar
ORCID
ResearchGate
Приемно време:
Вторник: 10 -12h
Четврток: 10 - 12h
Асист. м-р Ѓунтер Мерџан е роден во 1994 година во Битола. Основното и средното образование ги завршува во Ресен. Дипломира во 2017 година на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на департманот по Економија како најдобар студент на генерацијата дипломирани во академската 2016/2017 година со остварен просечен успех од 9,94. Магистерските студии ги завршува во 2020 година на Економскиот факултет – Скопје, на студимот по Економски развој и меѓународни финансии со просечен успех од 10,00. Моментално, е запишан на докторски студии (трет циклус студии) по Економски науки на Универзитетската школа за докторски студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и работи на својот докторски труд со наслов: „Улогата на институциите во процесот на економскиот раст во посттранзициските земји од Европа со посебен осврт на Република Северна Македонија“.
Ѓунтер Мерџан во текот на факултетското образование има добиено награди за извонредни остварувања во образовниот процес од Економскиот факултет – Скопје. Од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е награден со Златник со ликот на светите Кирил и Методиј за најдобро дипломиран студент во академската 2016/2017 година. Ја има добиено наградата „26 Јули“ за најдобар студент во академската 2016/2017 година од средствата од Фондацијата „Франк Манинг“.
Ѓунтер Мерџан има работено како наставник по економски предмети во СУГС Гимназија „Јосип Броз – Тито“ во Скопје. Од 2017 до 2020 година работи како демонстратор на Катедрата за Економија на Економскиот факултет – Скопје, а во 2021 година е избран на позиција Асистент на Катедрата за Економија. Одговорен е за подготвиување и изведување вежби, учество во наставата во присуство на наставник, прием (консултации) на студенти, учество во научно-истражувачки проекти, објавување научни и стручни трудови и низа други активности. Основни подрачја на негова научна преокупација се економија, макроекономија, економски раст и развој. Објавува научно-истражувачки трудови и статии во неговото поле на научен интерес, учествува во разни домашни и меѓународни проекти, конференции, семинари и обуки.
На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензенскиот извештај.
Проекти
Конференции
Семинари и обуки
Иницијативи
Курсеви
Во 2025 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 75 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани