Катедра за Математика и статистика
marija.trpkova-nestorovska@eccf.ukim.edu.mk
+389 (0)2 3286-919
Google Scholar
ORCID
ResearchGate
Приемно време:
Понеделник: 09:00 – 13:00
Петок: 09:00 – 13:00
Родена е на 22.02.1981 година во Скопје, Република Македонија.
Дипломирала во ноември 2003 година на Економскиот факултет во Скопје на департманот Сметководство и ревизија со просечна оценка на положени испити 9,45. Во периодот од мај 2004 година до декември 2006 година работи во Т-Мобиле Македонија како аналитичар во секторот за маркетинг. Во декември 2006 година е избрана за помлад асистент на група предмети од областа на статистиката.
Во јули 2010 година успешно го одбранила магистерскиот труд: „Класификациони процедури во мултиваријационата статистичка анализа“ на Економскиот факултет при Универзитетот во Белград (отсек Статистичка анализа) и се стекнала со титула магистер по статистички науки.
Во јули 2014 година јавно ја одбранила својата докторска дисертација со наслов „Примена на векторските авторегресивни модели во макроекономско моделирање“ на Економскиот факултет во Скопје, со што се стекнала со научниот степен доктор на економски науки.
Нејзината научна преокупација се статистиката и квантитативните дисциплини.
Повеќе информации за предметот Анализа на временски серии: http://vremenskiserii.weebly.com/
На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензентскиот извештај.
Предмет | Насоки | Степен |
---|---|---|
Мултиваријационa анализа | Статистички методи за бизнис и економија | Втор циклус студии |
Анализа на временски серии | Статистички методи за бизнис и економија | Втор циклус студии |
Анализа на временски серии | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
Демографија | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
Демографски методи | Статистички методи за бизнис и економија | Втор циклус студии |
2019
2018
2017
2016
2015
2014
2013
2012
2011
2010
2009
2008
Books:
2014
2012
Projects:
2011 –
2010
2009
2008
2006 – 2009
Conferences:
2019
2018
2013
2010
2009
2008
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани