Катедра за Менаџмент
nikola.levkov@eccf.ukim.edu.mk
+389 (0)2 3286-841
Приемно време:
Понеделник 12:00:00 – 14:00:00
Среда 12:00:00 – 14:00:00
Четврток 10:00:00 – 12:00:00
Роден на 12-ти Мај 1980-та година во Куманово, Република Македонија.
Во 2003 година ги завршува додипломските студии на Економскиот Факултет – Скопје, Универзитет Св.Кирил и Методиј во Скопје, Македонија. Од Јуни 2004 година работи на Економски Факултет – Скопје како асистент на департманот менаџмент. Има завршено пост-дипломски студии на департманот МБА – Менаџмент на Економски Факултет – Скопје, Универзитет Св.Кирил и Методиј во Скопје, во 2009-та година. Истата година го брани магистерски труд на тема „Менаџмент на знаење и организациско учење во организација базирана на знаење“.
Во периодот од Јануари 2008 до Мај 2008-та година успешно ја завршува програмата за усовршување на млад академски кадар JFDP (Junior Faculty Development Program) во областа на бизнис администрација на универзитетот „Џорџ Вашингтон“ – Вашингтон, САД. Програмата е финасирана од страна на Стејт Департментот на САД. Тој е алумни на Џорџ Вашингтон универзитетот.
Во период од Фебруари 2010 до Фебруари 2011-та година успешно ги завршува едногодишните пост-дипломски студии во областа на Информационен менаџмент на Католичкиот Универзитет Лувен, во Лувен Белгија. Дипломира со (Cum Laude) значајна разлика во однос на останатите во генерацијата. Тој е алумни и на Католичкиот Универзитет Лувен, од Лувен, Белгија.
Докторира на 9.2.2015год. со докторска дисертација на тема „Влијанието на усогласеноста помеѓу бизнисот и ИКТ врз организациските перформанси“. На 31.1.2020 – та година е избран за вонреден професор на катедрата по менаџмент.
На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензентскиот извештај.
Предмети | Насоки | Степен |
Менаџмент информациони системи | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус на студии |
Деловно комуницирање | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус на студии |
Теорија на одлучување | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус на студии |
Менаџмент информациони системи | Стратегиски менаџмент на човечки ресурси, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси (двегодишни студии), МБА – Менаџмент | Втор циклус на студии |
Менаџмент на знаење | Стратегиски менаџмент на човечки ресурси, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси (двегодишни студии) | Втор циклус на студии |
1) Студиски престои
Од Јануари до Мај, 2008-та година ја завршил успешно едногодишната програма за усовршување на млад академски кадар (JFDP – Junior Faculty Development Program) во областа на бизнис администрацијата на Џорџ Вашингтон Универзитетот, во Вашингтон, во САД. Програмата е финансирана од Стејт Департментот на САД.
2) Учество во проекти
1) The World IT project (2016 – година – сеуште во тек) – истражувач за Македонија. Овој проект е дизајниран да ги испита важните проблеми со кои се соочуваат вработените во ИТ во многу делови на светот. Тој е дизајниран да обезбеди увид во теми како што се ИТ професионална култура, организациска култура, национална култура, организациски ИТ прашања, технолошки теми и индивидуални теми.2) „Развивање на паметен систем за пријавување на комунални проблеми “- учество како независен консултант. Проект финансиски поддржан од Германското друштво за меѓународна соработка – ГИЗ, преку Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа за модернизација на општинските услуги, 2015-та година – Август – Септември.
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани