Катедра за Сметководство и ревизија
zorica.bozinovska-lazarevska@eccf.ukim.edu.mk
+389 (0)2 3286-871
Google Scholar
ORCID
ResearchGate
Приемно време:
Вторник: 11:00 – 13:00
Четврток: 11:00 – 13:00
Магистрирала во 1993 година на Економскиот факултет во Белград.
Во 1999 година докторирала на Економскиот факултет-Скопје кога е избрана за доцент по предметот Ревизија.
Во 2004 година избрана е за вонреден професор, а во 2009 за редовен професор на предметите Ревизија, Основи на сметководството и Интерна ревизија.
На втор циклус студии е ангажирана на студиски програма – Сметководство и ревизија каде што ги предава предметите: Ревизија, Државна ревизија и Испитување на измами.
На трет циклус на студии го предава предметот Ревизија и уверување.
Била продекан за финансии на Економскиот факултет-Скопје во периодот 2005-2010 год.
Раководител е на Катедрата по сметководство и ревизија од 2013 година. Од 2013 година Раководител е на втор циклус на студии на студиската програма Сметководство и ревизија.
Како овластен ревизор во периодот 2005-2011 година била член на Советот за унапредување и надзор на ревизија. На предлог на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија е реизбрана за член на Советот за унапредување и надзор на ревизијата во период од 2012 – 2017 година.
Од 2006 до 2012 година именувана е за претседател на Одбор за ревизија на Стопанска банка – АД Скопје.
На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензентскиот извештај.
Предмет | Насоки | Степен |
Ревизија | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
Интерна ревизија | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
Основи на сметководството | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
Ревизија | Сметководство и ревизија(едногодишни), Сметководство и ревизија (двегодишни студии) | Втор циклус студии |
Државна ревизија | Сметководство и ревизија (едногодишни), Сметководство и ревизија (двегодишни студии) | Втор циклус студии |
Испитување на измами | Сметководство и ревизија (едногодишни), Сметководство и ревизија (двегодишни студии) | Втор циклус студии |
Интерна Ревизија | Сметководство и ревизија (двегодишни студии) | Втор циклус студии |
Ги објавила следните книги: „Ревизија“, Економски факултет – Скопје, Скопје, 2001; „Вовед во сметководството“ во коавторство, Економски факултет-Скопје, Скопје, 2004; „Ревизорската професија во развиените економии, економиите во транзиција и Република Македонија – компаративен пристап”, Економски факултет-Скопје, Скопје, 2004; „Основи на сметководството, збирка задачи“ во коавторство, Економски факултет-Скопје, Скопје, 2007; „Ревизија”, второ издание, Економски факултет-Скопје, Скопје 2011; „Основи на сметководство“ во коавторство, Економски факултет-Скопје, Скопје, 2019.
Има објавено повеќе од 90 трудови од кои најголем дел се од учества на меѓународни конференции одржани во Европа, САД, Азија и Африка.
Остварила неколку студиски престои во странство и тоа: студиски престој на Arizona State University, САД, 1995; Maastricht School of Management, Холандија, 1996; University of Wolverhampton, Англија, 1998; Northern Illinois University, De Kalb, Illinois, САД, 1999; Universtiry of Gent, Белгија, 2000, 2001; University Deusto, Билбао, Шпанија, 2000 и 2001; University of Iceland, Рејкјавик, Исланд, 2005; Institut d’Administration des Entreprises de Paris University of Paris I – Pantheon Sorbonne (IAE), Париз, Франција, 2008; Hogeschool – Westlaanderen, Бриж, Белгија.
Учествувала во реализирање на следниве позначајни проекти: Eurodimension of accounting education in Republic of Macedonia(TEMPUS), 2000-2001; ТEMPUS – проект за развој на последипломски студии по Е-бизнис – менаџмент по пат на далечинско учење MEMFES, 2008; REPARIS, регионален проект на Светска банка, 2009-2011; проект за обука на сметководители во јавен сектор во огранизација на CIPFA и CEF 2008, проект за обука на интерни ревизори во јавен сектор во огранизација на CIPFA и CEF 2013 и 2014 година.
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани