Катедра за Надворешна трговија
irena.kikerkova@eccf.ukim.edu.mk
+389 (0)2 3286-860
Google Scholar
ORCID
ResearchGate
Приемно време:
Вторник: 11:00 – 13:00
Четврток: 11:00 – 13:00
Проф. д-р Ирена Кикеркова е избрана во звањето редовен професор во октомври, 2007 година. Нејзина стручна и посебна научна област од интерес е: меѓународната економија, меѓународното движење на капиталот во вид на СДИ, Светската трговска организација и трговската либерализација и процесите на регионално интегрирање, осбено во рамките на ЕУ и ЦЕФТА-2006.
Во изведувањето на наставата и испитите е ангажирана на прв циклус на студии на Департманот надворешна трговија.
На втор циклус на студии е ангажирана на две програми и тоа:
Ангажирана е и на трет циклус на студии на програмата од економија.
На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензентскиот извештај.
Предмети | Насоки | Степен |
Меѓународна економија | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус на студии |
Надворешна трговија | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус на студии |
Европски економски интеграции | Европски студии | Втор циклус на студии |
Меѓународна економија | Европски студии | Втор циклус на студии |
Странски директни инвестиции и економски развој
| Европски студии | Втор циклус на студии |
Меѓународна економија | Економски развој и меѓународни финансии | Втор циклус на студии |
Во текот на својата кариера проф. Кикеркова објавила околу 80 статии како автор и коавтор, три учебници како автор, три книги како коавтор, три истражувачки монографии како коавтор и била уредник на две меѓународни истражувачки монографии. Сите од нејзините истражувачки статии, како и објавените книги и монографии се од областа на меѓународната економија, меѓународната трговија и трговската либерализација , регионланите интеграции и странските директни инвестиции.
Врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка со Светската царинска организација од Брисел, Белгија и Меѓународната мрежа на царински универзитети ИНКУ, со седиште во Канбера , Австралија и во соработка со Царинската управа на РС Македонија, проф. Кикеркова учествувала во основањето на Регионалниот тренинг центар на Светската царинска организација како организациска единица на Економскиот факултет – Скопје при УКИМ во 2009 година. Таа воедно е и актуелниот директор на овој центар.
Проф. Кикеркова за периодот 2020-2025 е избрана за член на Собранието на Стопанската комора на Македонија.
Во периодот од 2011-2019 година успешно завршила два мандати како раководител на Катедрата за надворешна трговија на факултетот и член на Деканатската управа на факултетот.
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани