Катедра за Надворешна трговија
katerina.tosevska@eccf.ukim.edu.mk
+389 (0)2 3286-889
Приемно време:
Вторник: 11:00 – 13:00
Четврток: 13:00 – 15:00
Катерина Тошевска-Трпчевска дипломирала на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје на департманот Надворешна трговија. Магистрирала на истиот факултет на тема „Либерализација на меѓународната трговска размена меѓу Европската Унија и СТО“, а во ноември 2012 година ја одбранила докторската дисертација на тема „Олеснување на трговијата во современиот мултилатерален трговски систем“.
За време на нејзината академска кариера напишала околу четириесет стучни и научни трудови објавени во домашни и странски научни списанија, како и во прегледи на трудови на домашни и меѓународни конференции. Учествувала во повеќе од осумдесет домашни и меѓународни конференции, семинари, работилници, и има реализирано четири студиски престои во странство: на Универзитетот за применети науки во Хамбург, Германија, на Универзитетот Политехник во Порто, Школата за сметководство и бизнис (Porto Accounting and Business School – ISCAP), на Универзитетот Џорџ Вашингтон (George Washington University) во Вашингтон, САД, и на Универзитетот Универсидаде Нова де Лизбоа (Universidade Nova de Lisboa) во Лисабон, Португалија.
Катерина Тошевска-Трпчевска активно учествувала во два меѓународни проекта и два национални научно-истражувачки проекти. Едниот е Темпус проект JEP_17013-2002 „Континуирано образование за европски прашања: Основање на Тренинг центар за Европска интеграција“ на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, најнапред како слушател, а потоа како тренер. Вториот меѓународен проект е АСО проект „Улогата на образованието во должината на траењето на невработеноста“ во организација на Факултетот за бизнис и економија при Универзитетот во Марибор, Словенија, како координатор и учесник. Од 2010 година е активен учесник на националниот проект одобрен од Министерството за образование на Република Македонија на тема: „Анализа на економската одржливост на концептот овластен економски оператор (ОЕО) во Република Македонија според правилата на Светската трговска организација (СТО)“. Во 2016 година била секретар на научно-истражувачкиот проект на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со наслов „Студија за мерење на времето за царинење и пропуштање на стоките“.
Во 2017 година е назначена за раководител на постдипломските Европски студии, а од 2004 до 2019 година таа ја остварува функцијата секретар на катедрата по Надворешна трговија на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Во 2019 година е назначена за раководител на Катедрата по Надворешна трговија. Учествувала во работата на повеќе комисии на факултетот: Комисија за подготовка и комплетирање на документи за добивање на ЕКТС лиценца (ECTS label), повеќе комисии за запишување студенти на прв циклус студии, повеќе комисии за промотивни активности на факултетот, Комисија за јавни набавки, повеќе комисии за изготвување кратки содржини по нови предметни програми, Комисија за проценка на вредноста на книгите во библиотеката на Економскиот факултет, Комисија за изработка на Упатство за изработка на стручни трудови од страна на студентите на Економскиот факултет, Комисија за изготвување преглед за учество на наставниците и соработниците на Економскиот факултет во Скопје на меѓународни собири (конгреси, конференции, семинари и др.) на англиски јазик. Во 2010 година е определена за ЕКТС координатор на студиската програма по Надворешна трговија, а била дел и од работниот тим за изготвување supplement диплома за департманот Надворешна трговија.
На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензентскиот извештај.
Предмет | Насоки | Степен |
Меѓународни трговски трансакции | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
Мултилатерален трговски систем | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
Мултилатерална трговска регулатива | Надворешна трговија | Прв циклус студии |
Регионални трговски договори и СТО | Европски студии | Втор циклус студии |
Раководител на департманот по Надворешна трговија од 11.11.2019;
– Раководител на Постдипломски Европски студии;
– Член на Колегиумот за постдипломски студии;
– ЕКТС координатор на департманот Надворешна трговија;
– Претседател на Комисијата за јавни набавки;Член на Македонско-Американската Алумни асоцијација.
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани