Катедра за Економија
pece.nedanovski@eccf.ukim.edu.mk
+389 (0)2 3286-891
Google Scholar
ORCID
ResearchGate
Приемно време:
Понеделник: 10:00 – 12:00
Среда: 11:00 – 13:00
Недановски д-р Пеце дипломирал, магистрирал и докторирал на Економски факултет – Скопје, а магистрирал и на Institute for Advanced Studies во Виена, Австрија. На Економски факултет – Скопје работи од 1989 година. Освен тоа, предава и на неколку други факултети во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ).
Се јавува како автор или коавтор на неколку книги, студии и учебници, како и повеќе од 100-на научни и стручни трудови објавени во домашни и меѓународни списанија. Главни области на негов научно-истражувачки интерес се: економски систем, економска политика, економија на здравство, економија на животна средина, регионален и локален економски развој. Работел на преку 40-на проекти за потребите на голем број институции: Програмата за развој на ОН (UNDP), Светска банка (WB), Комисијата на Европската унија, Фондот за деца при ОН (UNICEF), Светскиот економски форум (WEF), Агенцијата на САД за меѓународен развој (USAID), Шведската агенција за меѓународен развој (Sida), Регионалниот центар за животна средина во Унгарија (REC), Советот на Европа (Council of Europe) и др.
Во периодот 2005-2008 година бил Продекан за настава на Економски факултет – Скопје, а од 2008-2012 година ја обавувал функцијата Проректор за финансии, инвестиции и развој на УКИМ. Исто така, во периодот 2007-2019 година бил независен член на Надзорниот одбор на УНИ Банка Скопје. Од 2015 година поседува меѓународна лиценца за верификатор за реализација на процесот Business Friendly Certificate за Југоисточна Европа.
Реализирал поголем број студиски престои во странство: Универзитетот Оксфорд (Велика Британија), Институтот за напредни студии во Виена (Австрија), Интернационалниот центар за трансфер на технологии за заштита на животната средина во Јокаичи (Јапонија), Универзиттетот Стендал во Гренобл (Франција), Универзитетот Еразмус во Ротердам (Холандија), Институтот за економски науки во Париз (Франција), Универзитетот Лојфана во Лунебург (Германија), Универзитетот во Лимерик (Ирска), Колеџот на Европа во Бриж (Белгија), Централноевропскиот универзитет во Будимпешта (Унгарија) и др.
На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензентскиот извештај.
Предмет | Насоки | Степен |
---|---|---|
Вовед во економија на животната средина | Економија, Е-бизнис, Маркетинг, Меѓународна трговија, Менаџмент и претприемништво, Сметководство и ревизија, Финансиски менаџмент | Прв циклус студии |
Економика на Македонија | Економија, Е-бизнис, Маркетинг, Меѓународна трговија, Менаџмент и претприемништво, Сметководство и ревизија, Финансиски менаџмент | Прв циклус студии |
Регионална и урбана економија | Економија, Е-бизнис, Маркетинг, Меѓународна трговија, Менаџмент и претприемништво, Сметководство и ревизија, Финансиски менаџмент | Прв циклус студии |
Јавно-приватно партнерство | Управување во јавниот сектор | Втор циклус студии |
Локален економски развој | Управување во јавниот сектор | Втор циклус студии |
Управување со знаењето во јавниот сектор | Управување во јавниот сектор | Втор циклус студии |
Применета економија | Економски науки | Трет циклус студии |
Регионална економија | Економски науки | Трет циклус студии |
Учебници, книги и студии
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани