д-р Сашо Јосимовски

Редовен професор

Катедра за Е-бизнис

saso.josimovski@eccf.ukim.edu.mk
+389 (0)2 3286-888

Google Scholar

ORCID

ResearchGate

Приемно време:

Роден е на 21.01.1963 г. во Скопје. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје на смерот информатика во 1987 г.

Во 1987 година се вработил во Заводот за информационен систем на град Скопје, како специјалист за развој на информациониот систем, а во 1989 г. се вработува на Економскиот факултет во Скопје како помлад асистент по програмирање на електронски сметачи. Во учебната 1988/1989 г. се запишал на последипломски студии на Електротехничкиот факултет во Скопје на смерот информатика. По положувањето на предвидените испити и изработката на семинарските работи, магистрирал во 1992 г. со просечна оценка 10 и со одбрана на трудот «Фрактални карактеристики на нелинеарните економски динамички модели». Во 1992 г. бил избран во звањето асистент по користење на сметачки машини на Економскиот факултет.

Во 1996 г. ја одбранил докторската дисертација под наслов «Статистичко-економска анализа на временски серии» на Економскиот факултет во Скопје. Во 1997 г. бил избран во звањето доцент по предметот користење на сметачки машини, а во 2002 г. бил избран во звањето вонреден професор по предметот информациони технологии. Во 1997 година е избран во звањето редовен професор по предметите информациони технологии и основи на е-бизнис, а исто така е координатор на предметот основи на интернет архитектура.

Координатор е и член е на повеќе тимови за изведување на настава и испити по предмети од областа на информациските технологии и електронскиот бизнис на неколку последипломски студии кои се организаираат во рамките на Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје, и тоа на последипломските студии по Е-бизнис менаџмент – далечинско учење на Економскиот факултет во Скопје, на последипломските студии по Сметководство и ревизија на Економскиот факултет во Скопје и на последипломските европски студии за интеграција и комуникации на Филозофскиот факултет во Скопје.

Од 2007 година ја обавува функцијата шеф на катедрата по е-бизнис и член на деканската управа на Економскиот факултет, а во 2008 година е назначен за раководител на последипломските студии Е-бизнис менаџмент – далечинско учење на Економскиот факултет во Скопје.

Во текот на работењето, обавил повеќе престои во странски земји заради стручно-научно усовршување и тоа: ×арлс Универзитет, Центар за економски истражувања и последипломски студии, Прага, Чешка; Државен Универзитет на Небраска, Колеџ за Бизнис, Линколн, САД; Државен Универзитет на Аризона, Темпи, Колеџ за Бизнис, САД; Универзитет Деусто, Билбао, Шпанија; Универзитетот во Рејкјавик, Исланд; Фонтис Универзитет за професионална едукација, департман за маркетинг и менаџмент, Ајндховен, Холандија; Универзитетот Западен Вландерен, Колеџ за мултимедија и комуникации, Кортријк, Белгија; Е-влада академија, Талин, Естонија и други.

На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензентскиот извештај.

75 години

Во 2025 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 75 години од своето основање.