Катедра за Маркетинг
snezana.ristevska-jovanovska@eccf.ukim.edu.mk
+389 (0)2 3286 848
Google Scholar
ORCID
ResearchGate
Приемно време:
Понеделник: 08:00 – 09:00
Среда: 08:00 – 09:00
Родена е во 1966 година во Охрид.
Дипломирала на Економскиот факултет во Скопје во 1988 година. Магистрирала во 1991 година а докторирала во 1995 година на Економскиот факултет во Скопје.
На Економскиот факултет работи од 1990 година како асистент се до изборот во звањето доцент во Април, 1996. Во 2001 година е избрана во звањето вонреден професор, а во 2006 година за редовен професор.
Нејзина научна преокупација е маркетингот, особено дистрибуцијата, политиката на цени и однесувањето на потрошувачите.
Има објавено преку 70 статии во земјата, а со над 20 научни статии учествувала на меѓународни симпозиуми, во земјата и во странство.
Во текот на својот работен век била активно вклучена во работата на повеќе стручни тела, органи и комисии.
Од 1990 година до 2006 година била Секретар на Катедрата по Маркетинг. Од основањето до мај 2004 била секретар на Македонското маркетинг здружение “Маркетинг”, а оттогаш па се до денес е потпретседател на здружението. Од март 2007 е Раководител на последипломскиот студиум по Маркетинг, а од август 2008 е Раководител на Катедрата по Маркетинг.
На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензентскиот извештај.
Предмет | Насоки | Степен |
---|---|---|
Основи на маркетинг | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
Маркетинг на услужни дејности | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
Однесување на потрошувачите | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
Стратегиски маркетинг | Маркетинг, Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија, Надворешна трговија, Менаџмент, Економија, Е-бизнис | Прв циклус студии |
Дистрибуција со методи на продажба | Маркетинг | Втор циклус студии |
Маркетинг на услужни дејности | Маркетинг | Втор циклус студии |
Принципи на Маркетингот | Маркетинг | Втор циклус студии |
Однесување на потрошувачите | Маркетинг | Втор циклус студии |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани