Самоевалуација

Основна цел на самоевалуацијата е да го процени квалитетот на наставно-образовниот и на научно-истражувачкиот процес на првиот и вториот циклус студии на Економскиот факултет –Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Врз основа на анализа и проценка на клучните елементи, како што се наставните програми, наставниот кадар, наставно-образовната дејност, научно-истражувачката работа, студентите, просторните и материјалните ресурси, надворешната соработка и финансирањето, и со помош на SWOT анализата да се разоткријат добрите и лошите страни и да се предложат мерки за нивно подобрување, релативизирање или целосно отстранување.

  • Извештајот за изведената самоевалуација за периодот 2019 – 2022, може да се преземе тука.
  • Извештајот за изведената самоевалуација за периодот 15.9.2016-14.09.2019, може да се преземе тука.
  • Извештајот за изведената самоевалуација за учебната 2015/16 година, може да се преземе тука.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.