Одбрана на магистерски труд

На Економскиот факултет – Скопје се организираат:

Едногодишни последипломски студии (втор циклус студии) во траење од два семестра со предвидени 7 испити и изработка на магистерски труд. Студиите на вториот циклус носат 60 кредити според ЕКТС.

Двeгодишни последипломски студии (втор циклус студии) во траење од четири семестри со предвидени 14 испити и изработка на магистерски труд. Студиите на вториот циклус носат 120 кредити според ЕКТС.

Студентите од втор циклус на студии имаат право да ги завршат започнатите студии според условите и студиската програма на која се запишале, најдолго во времето што е двапати подолго од пропишаното траење на студиите. Доколку по истекот на рокот од претходниот став студентот не ги заврши студиите, со одлика на единицата на Универзитетот се утврдуваат дополнителните услови и рокот за кој студентот може да ги заврши студиите. (види Статут на УКИМ)

Цена на чинење на еден семестар е 500 евра (за едногодишни студии 2 х 500 евра, a за двегодишни студии 4 х 500 евра).
Вредноста на пријавата за испит е 25 евра (кај едногодишните студии за 7 предмети, кај двeгодишните студии за 14 предмети).
Одбраната на магистерскиот труд е 1000 евра.

По завршувањето на студиите, студентите се стекнуваат со звањето         

Магистер на економски/организациски науки“ од соодветната област.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.