Наслов на наставниот предмет | Квантитативни методи за финансиски менаџмент |
Код | CFM 520 |
Наставник | Доц. д-р Виолета Цветкоска |
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет студентите треба да бидат способни:
· Да ги применуваат фазите на пристапот на квантитативната анализа (дефинирање на проблем, развивање на модел, прибирање на податоци, развивање на решение, тестирање на решение, анализирање на резултати и имплементирање на резултати) при решавање на проблеми од областа на финансиите · Да разберат како можат да се користат разни статистички, оптимизациони и повеќекритериумски методи и техники за анализирање на финансиски проблеми. · Да ја користат непараметарската методогија DEA за оценување на финансиските перформанси на корпорациите. · Да развиваат spreadsheet модели со користење на реални финансиски податоци. · Да користат софтверски алатки за решавање на линеарни, симулациони и повеќекритериумски модели, како и за моделите на непараметарската методологија DEA · Да ги применуваат аналитичките методи во финансиски контекст и да ги користат решенијата за донесување на подобри одлуки.
| |
Содржина на предметната програма:
(1)Решавање на проблеми и одлучување; (2)Квантитативната анализа и одлучувањето; (3) Spreadsheet моделирање; (3) Оптимизационо моделирање; (5) Повеќекритериумско одлучување; (6) Одлучување во услови на ризик (7) Симулационо моделирање (8) Модели за предвидување. |