Корпоративен финансиски менаџмент 2017/2018

Главната цел на оваа студиска програма е обезбедување на специјализирано знаење, разбирање и способности неопходни за креирње на врвни професионалци – финансиски и инвестициски менаџери – кои ќе бидат високо вреден човечки ресурс за корпорација во која работат и кои постојано ќе придонесуваат за создавање на поголема вредност за корпорацијата.

Структура на задолжителни и изборни премети на Втор циклус Корпоративен финансиски менаџмент

  1. Три задолжителни предмети утврдени со студиската програма според семестри на студирање.
  2. Три изборни предмети утврдени со студиската програма според семестри на студирање.
  3. Еден изборен предмет од Листата на предмети утврдени од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Специфични цели:

Специфичните цели кои ќе бидат постигнати со програмата од втор циклус студии по корпоративен финансиски менаџмент може да ги сублимираме во пет главни категории:

  • Обезбедување на извори на фиансирање на компанијата. Студентите ќе бидат способни да донесат одлука за извори на финансирање на компанијата кои ќе бидат во контекст на обезбедување најоптимална структура на капиталот и максимизација на вредноста на компанијата.
  • Алоцирање на капитал. Растот и развојот на компанијата има потреба од алоцирање на капитал во нови инвестициски проекти. Студентите на оваа програма ќе се стекнат со доволен фонд на знаење за идентификација на најдобрата инвестициска одлука.
  • Анализирање. Финансиските менџери потребно е константно да ја анализираат и следат состојбата на компанијата низ комплексот на индикатори за профитабилноста, ликвидноста, солвентноста и ефикасноста.
  • Администрирање. Со помош на аналитичките активности и системи, финансиските менаџери е потребно да го разбираат детално спроведувањето на повеќе административни активности, почнувајќи од прибирањето на финансиски податоци, нивна евиденција, консолидирање и нивно известување до заинтересираните стеикхолдери (квартално и годишно).
  • Антиципирање. Доброто планирање на готовината, нејзиното буџетирање, планирањето на капиталните вложувања и процената на ризиците се клучни во овој домен.

Понатамошни студии

Студентите можат да се запишат на докторски студии.

Семестар   1
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
7CFM510 НАПРЕДЕН ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ 40 7,00 Сашо Арсов; Александар Наумоски
7CFM511 СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏМЕНТ 40 7,00 Љубомир Дракулевски; Стојан Дебарлиев

Семестар   2
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
7CFM512 КОРПОРАТИВНА ФИНАНСИСКА СТРАТЕГИЈА 40 7,00 Александар Наумоски
Зимски
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
7CFM513 СПОЈУВАЊА И АКВИЗИЦИИ ПОМЕЃУ КОМПАНИИТЕ 40 7,00 Љубомир Дракулевски; Даниела Мамучевска
7CFM519 ЕКОНОМСКА АНАЛИЗА ЗА БИЗНИС ЛИДЕРИ 40 7,00 Предраг Трпески
7CFM516 КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ 40 7,00 Стојан Дебарлиев; Горан Коевски
7CFM520 КВАНТИТАТИВНИ МЕТОДИ ЗА ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ 40 7,00 Виолета Цветкоска
7CFM514 МЕНАЏМЕНТ НА КОРПОРАТИВНИТЕ РИЗИЦИ 40 7,00 Александар Наумоски
7CFM518 СМЕТКОВОДСТВО НА МЕНАЏМЕНТОТ И КОНТРОЛА 40 7,00 Марина Трпеска
Летен
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
7CFM517 БИЗНИС ЕТИКА 40 7,00 Леонид Наков
7CFM523 ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРЕТПРИЕМАЧКИ БИЗНИСИ 40 7,00 Стојан Дебарлиев; Александра Јанеска-Илиев
7CFM521 ФИНАНСИСКА ЕКОНОМЕТРИЈА 40 7,00 Весна Буцевска
7CFM515 МЕЃУНАРОДЕН ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ 40 7,00 Сашо Арсов
7CFM522 МЕНАЏМЕНТ ВО ОСИГУРУВАЊЕ 40 7,00 Игор Ивановски
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.