Корпоративно управување

Наслов на наставниот предмет

Корпоративно управување

Код

CFM 516

Наставник

Проф. д-р Горан Коевски

Проф. д-р Стојан Дебарлиев

Цели на предметната програма (компетенции): 

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни:

  • Да се научат да размислуваат критички за прашањата и проблемите кои се поврзани со корпоративното управување, како релативно нов концепт во компаниското право; 
  • Да ги разберат теориите и концептите за корпоративното управување и различните модели на корпоративно управување во споредбената корпоративна практика (англосаксонски и континентален модел); 
  • Да ги интегрираат добиените знаења од различните модели на корпоративно управување; 

·         Да развијат аналитички и комуникациски способности, како и способности за тимска работа.

Содржина на предметната програма:

1.       Поимно определување на корпоративното управување 

2.      Содржина на поимот и на концептот на корпоративно управување и сличности и разлики со други  сродни научни области

3.      Интерни (структура на акционерска сопственост, поделба на моќ помеѓу корпоративните органи) и екстерни (надворешни извори на финансирање, развиеност на пазарот на капитал, заштита на правата на акционерите) услови кои го определуваат конкретниот модел на корпоративно управување

4.      Англосаксонски и континентален модел на корпоративно управување и нивни основни карактеристики 

5.      Трендови на развој на современото корпоративно управување и можности за конвергенција на различните модели на корпоративно управување

6.      Правно уредување на корпоративното управување (споредбено-правна анализа)

7.       Корпоративното управување во Република Македонија на општо ниво и по специфични дејности – осигурување, банкарство

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.