Маркетинг преку социјални медиуми

Наслов на наставниот предмет

Маркетинг преку социјални медиуми

Код

МКТ 460

Наставник

Проф. д-р Димитар Јовевски

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на овој предмет студентите ќе можат и ќе имаат познавање како да ги користат различните социјални медиуми и нивната импликација во маркетингот, бизнис работењето и компаниите во целост. Студентите ќе се стекнат со:

•         Знаење за целиот еко систем на социјалните медиуми и нивното влијание врз маркетинг стратегијата на една компанија;

•         Знаење  да ги артикулираат процесите на маркетингот преку социјални медиуми, и да препознаваат кога и каде треба истите да се користат во бизнисот;

•         Знаење како да се имплементираат бизнис целите преку маркетингот на социјалните медиуми од јакнење на брендот, аквизиции на потрошувачи, градење на релации, подобрување на услугите;

•         Разбирање и предвидување на маркетинг резултатите преку креирање на содржина со цел, наспроти генеричкото создавање на рекламни кампањи, како и потенцирање на комуникацијата преку релевантен содржина користена во соодветен контекст;

•         Знаење како да се креира соодветна содржина за различните социјалните медиуми и анализа на најдобрите светски практики;

•         Знаење како да се анализираат податоците и да се креираат соодветни извештаи.

Содржина на предметната програма: 

•         Поим и основи на маркетингот преку социјални медиуми,

•         Развојот на социјалните медиуми и онлајн заедницата,

•         Стратегии за маркетинг преку социјалните медиуми,

•         Технологии за примена на маркетингот преку социјални медиуми, како брендовите ги користат ефективно социјалните медиуми,

•         Анализа на различните клучни социјални медиуми на онлајн просторот.

•         ROI и маркетингот преку социјални медиуми

•         Ценовни модели кои се применуваат во маркетингот преку социјалните медиуми

•         Креирање на соодветна содржина за соодветен контекст

•         Анализа и извештаи

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.