Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни: - идентификуваат и категоризираат различни извори на ризик (пазарен, кредитен, оперативен);
- да дизајнираат процес на управување со ризици;
- да го разберат местото и улогата на департманот за управување со ризици во организациската структура на претпријатието и улогата на менаџерот со ризици;
- да го разберат значењето кое менаџментот со ризиците го има за акционерите и другите стеикхолдери
- да постават линкот помеѓу корпоративното управување и управувањето со ризиците;
- да научат како да носат најдобри деловни одлуки, каде што се остварува највисок принос за нивото на превземениот ризик
- извршат мерење и процена на ризикот со примена на соодветни техники и модели (VaR, сценарио анализа, стрес тест и тн.)
- да применуваат деривативни инструменти како начин за справување со ризици (каматни, валутни, кредитни итн.)
- да аплицираат интегрирано управување со ризици
|