Наслов на наставниот предмет |
Напреден финансиски менаџмент |
Код |
CFM 510 |
Наставник |
проф. д-р Сашо Арсов |
Цели на предметната програма (компетенции): 1. Да го разбираат концептот на вредност на компанијата, како основа за донесувањето на одлуките во корпоративните финансии. 2. Да умеат да ги пресметуваат и толкуваат современите мерила на успешноста во работењето. 3. Да ги препознаваат импликациите на различните видови извори на финансирање врз структурата на капиталот на компанијата, пред се, од аспект на нивниот одраз врз корпоративното управување и односот на инвеститорите кон неа. 4. Да умеат да ги проценуваат ефектите од различните одлуки за инвестирање, експанзија и др. Врз вредноста на компаниите. 5. Да умеат да вршат селекција помеѓу различните деривативни инструменти за заштита од ризикот кај компаниите, познавајќи ги нивните карактеристики. 6. Да ги анализираат и интерпретираат последиците од одлуките за спојувања и преземања на компании. |
|
Содржина на предметната програма: • Финансискиот менаџмент и корпоративното управување • Современи мерила на резултатите од работењето • Ризик и принос • Корпоративно оценување и менаџмент заснован на вредност • Долгорочно финансиско одлучување • Управување со ризикот и финансиски деривативи • Краткорочно финансиско одлучување • Дивиденди и други распределби на акционерите • Цена на капиталот • Оптимализација на структурата на капиталот • Спојувања и преземања • Меѓународен финансиски менаџмент |