Наслов на наставниот предмет |
Нови можности и претприемништво |
Код |
MGT 519 |
Наставник |
Академик Таки Фити |
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да ги објаснат:
|
|
Содржина на предметната програма: 1. Филозофијата, природата и суштинските карактеристики на претприемништвото (иновација, ризик, рекомбинација на факторите на производство и реалокација на факторите кон точките на најефикасна употреба) 2. Креирање и стартување на претприемничка фирма 3. Бизнис план – содржина, карактеристики и подготовка 4. Финансирање на типично претприемничка фирма по развојни фази 5. Улогата на 3F парите 6. Улогата на бизнис ангелите 7. Улогата на официјалниот ризичен капитал 8. Улогата на берзата 9. Претприемничко општество – карактеристики и пристапи на поддршка на претприемништвото 10. Состојба и проблеми и развојни можности што ги нуди претприемништвото во Република Македонија. |