Наслов на наставниот предмет | Бизнис логистика |
Код | EBU320 |
Наставник | Проф. д-р Лидија Пулевска-Ивановска |
Цели на предметната програма (компетенции): Цел на предметната програма Бизнис логистика е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на бизнис логистиката и управувањето со синџирот на снабдување и со специфични вештини за примена на овие знаења во практиката. За остварување на овие цели, предметната програма ќе ги обработи теоретските аспекти на бизнис логистиката и управувањето со синџирот на снабдување, а потоа ќе се фокусира на нивната практична примена. Со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите ќе можат: · да ја разберат појмовната определеност, значењето и содржината на бизнис логистиката и управувањето со синџирот на снабдување; · да ги идентификуваат главните елементи на управувањето со синџирот на снабдување и нивната поврзаност со синџирите на создавање додадена вредност во производството и мрежите на вредност; · да ги искористат потенцијалите на информациските системи за поддршка на управувањето на синџирот на снабдување и синџирот на создавање додадена вредност во производството; · да ги разбираат методите на предвидување и да ги применат при предвидување на побарувачката; · да ги познаваат и применат методите на управување со залихите. | |
Содржина на предметната програма: Предметот Бизнис логистика се концентрира на развојот на потребните компетенции, како збир на знаења, вештини и ставови, неопходни за извршување на активностите во доменот на управувањето со синџирот на снабдување, како што се: поим за логистика/синџирот на снабдување; стратегија и планирање на логистиката/синџирот на снабдување; производи и услугикои им се нудат на потрошувачите; обработка на порачки; логистички информациски систем; методи на предвидување; управување со залихи; управување со набавки; управување со транспорт; управување со складирање; управување со производство, влијание на електронскиот бизнис врз менаџментот на синџирот на снабдување. |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани