Наслов на наставниот предмет | Дигитална економија |
Код | EBU210 |
Наставник | Проф. д-р Калина Треневска Благоева |
Цели на предметната програма (компетенции): · да ја разберат појмовната определеност, значењето и суштината на дигиталнатаекономија; · да ја разберат информацијата како економско добро, економиката на информациските добра и да се запознаат со нивните карактеристики, креирањето на цени и верзии; · да ги осознаат стратегиите за конкуренција кои се применуваат во мрежната економија; · да ги осознаат начините како дигитализацијата го трансформираат бизнисот преку конвергенција на користењето и купувањето; · да ги осознаат функциите и карактеристиките на е-Владата; · да ги разберат политиките на глобален план и особено на ЕУ за поддршка на информациското општество; · да бидат способни за работа во тимови; · да ги применуваат стекнатите знаења во анализа на нови можности на организациите во светот на дигиталната поврзаност. | |
Содржина на предметната програма: Ќе биде образложена информациска економија и економикатанаинформациите, како и промените што се случуваат кај Портеров концепт на конкуренција во дигиталната економија. Особено внимание ќе се посвени на создавање на вредност и формирање цени на информации. Ќе се анализираат и карактеристиките на производите кои се најсоодветни за тргување преку интернет. Се изучуваат верзии на информации и креирање на врзопи на информации. Ќе се разгледува и менаџментот со права. Најмногу внимание ќе се посвети на менаџирање на заклученост, мрежни ефекти и позитивна повратна врска, како и на стратегиите во мрежни пазари, градењето алијанси и отвореност. Се разгледуваат ефектите на дигитализацијата и технологиите врз стопанството организациските структури. Ќе се разгледува и развој на концептот на е-Влада во светот и во Република Македонија, како и политики на поддршка.
|
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани