Менаџмент на човечки ресурси

 

Наслов на наставниот предмет

Менаџмент на човечки ресурси

Код

MGT 240

Наставник

Проф. д-р Љупчо Ефтимов

Цели на предметната програма (компетенции):

 

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да

бидат способни:

·       Ги разберат основните концепти, функции и процеси на менаџментот на човечки ресурси.

·       Ги разберат поврзаноста и природата на односот помеѓу организациската сратегија и стратегијата на МЧР одделот.

·       Го планираат оптималниот број на вработените и да дизајнираат соодветна организациска структура и работни места.

·       Да демонстрираат способност да изготват соодветна стратегија за привлекување и селекција на кандидати за конкретно работно место.

·       Да ги идентификуваат потребите за обука и развој на вработените и да предложат и применат решенија за конретни организациски проблеми.

·       Да го дефинираат и објаснат концептот на управување со перформансите на вработените и да го применат истиот со цел унапредување на перформансите на вработените.

·       Да предложат систем на плаќање и наградување на најдобрите работници кој ја поддржува организациската стратегија.

Содржина на предметната програма: 

 

·       Вовед во менаџментот на човечки ресурси

·       Стратегиски менаџмент на човечки ресурси

·       Анализа на работата

·       Планирање на човечки ресурси

·       Регрутација на човечки ресурси

·       Селекција на човечки ресурси

·       Обука на човечки ресурси

·       Учење и развој на човечки ресурси

·       Оценување на перформансите на човечките ресурси

·       Плаќање на човечките ресурси

·       Развој и управување со кариерата

·       Управување со стресни состојби во организацијата

·       Меѓународен менаџмент на човечки ресурси

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.