Меѓународни трговски трансакции

Наслов на наставниот предмет

Меѓународни трговски трансакции

Код

 INT 410

Наставник

Проф. д-р Катерина Тошевска-Трпчевска

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

  • Целосно да ги разбираат ИНКОТЕРМС правилата;
  • Да  ги  познаваат и разликуваат специфичностите на одделните видови меѓународен транспорт на стоките, како и на осигурувањето на стоките во меѓународниот транспорт.
  • Да ги разликуваат основните документи во меѓународната трговска размена;
  • Да ги познаваат инструментите на платен промет со странство.

Содржина на предметната програма: 

Предметот  ги разработува оперативните аспекти на меѓународната трговска размена. Материјата почнува со анализа на видовите на меѓународниот транспорт на стоки, меѓународната шпедиција и осигурувањето на стоката во меѓународниот транспорт. Неизбежен дел кај меѓународните трговски трансакции е и проучувањето на документите и инструментите на платен промет кои се составен дел на меѓународната трговија со стоки. Во рамките на предметот ќе бидат разработени и специјалните надворешнотрговски работи, основните принципи на функционирањето на електронската трговија и последните измени во царинското работење: воведувањето поедноставени царински постапки и преземањето мерки за водење бесхартиена трговија.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.