Основи на е-бизнис

Наслов на наставниот предмет

Основи на е-бизнис

Код

EBU110

Наставник

Проф.д-р Сашо Јосимовски

Цели на предметната програма(компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

·       Да ги препознаат фундаменталните концепти на е-бизнисот;

·       Да ги идентификуваат главнитее-бизнис модели;

·       Да ги препознаваат и класифицираат е-бизнис моделите според приходот и трансак циските механизми;

·       Да можат да ги идентификуваат елементите од е-окружувањето кои влијаат на е-бизнис с тратегијата на претпријатијата;

·       Да ги препознаваат и класифицираат методите и моделите на дигиталниот маркети нг;

·       Запознаени со бенефициите и ограничувањата за претпријатијата и потрошувачите од примената на е-бизнис моделите.

Содржина на предметната програма:

Предметот ги запознава студентите со основните концепти,дефиниции и окружувањето на е-бизнисот и е-комерцијата. Ќе бидат обработени најзначајните теми поврзани со е-бизнисот, како што се класификацијата на е- бизнис моделите,нивната структура,пазарните механизми, е-бизнис апликациите,методите на дигиталниот маркетинг, како и бенефициите и ограничувањата за претпријатијата и потрошувачите од примената на електронските форми на водење на бизнисот. Студентите за совладување на предметната материја ќе користат специјално опремена компјутерска лабораторија.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.