Претприемништво

Наслов на наставниот предмет

Претприемништво

Код

 MGT 450

Наставник

Проф. д-р Стојан Дебарлиев

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

·           Да ја разберат природата и суштината на претприемништвото како филозофијаи начин на размислување на искористување на нови можности  како основа за реализација на нови претприемнички зафати;

·           Да ги разберат суштинските карактеристики на претприемништвото (посебно иновацијата и ризикот), нивното значење за диференцијација на производите и услугите на претпријатијата и за стекнување на конкурентски предности;

·           Да ги идентификуваат и разберат традиционални и модерни извори на финансирање за претприемачки потфати;

·           Да ја разберат новата претприемачка економија и улогата на централната власт и поширокото општество во креирањето на претприемачката деловна клима;

·           Да ги применуваат претприемачки методи и алатки при подготовка на физибилити анализа на нов претприемачки потфат.

 

Содржина на предметната програма: 

·           Теоретски основи на претприемништвото

·           Основни карактеристики на претприемништвото и претприемачите

·           Создавање и основање на претприемничка фирма

·           Финансирање на мали и средни претпријатија

·           Претприемничка економија

·           Кооперативно претприемништво

·           Физибилити анализа на бизнис идеја

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.