Наслов на наставниот предмет | Статистичка контрола на квалитетот |
Код | MST 250 |
Наставник | Проф. д-р Весна Буцевска |
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни: · Да ги разберат принципите на модерните статистички методи на контрола и унапредув ање на квалитетот; · Да ги користат стандардните средства на статистичката контрола на квалитетот за анализа на податоците за производите со цел да утврдат дали процесите се под контрола ил и не; · Да ги познаваат современите деловни концепти како што се TQM и Six Sigma; · Точно да опишат како методите на статистичка контрола на квалитет резултираат со подобрување на квалитетот на производите и услугите, намалување на троШоците на производство и пружање на услуги и зголемување на ефикасноста и конкурентноста на компанијата; · Со користење на компјутери, да подготвуваат висококвалитетни графички и табеларни презентации за контрола на квалитет во форма на стандардни контролни карти на квалитет; · Да ја разберат улогата што ја има SPC во вкупната стратегија на контрола на процесите и на компанијата. | |
Содржина на предметната програма: Овој предмет претставува вовед во филозофијата на контрола на квалитетит и статистичките средства кои се користат за унапредување на квалитетот. Статистичката контрола на квалитетот (SQC) е широко применуван систем на техники кој ги допира речиси сите сектори на економијата. Двете главни подрачја на SQC, а тоа се статистичката контрола на процесот и приемниот примерок, се детално разработени во овој предмет, со цел студентите да се обучат за користење на методите и техниките на SQC кои денес се применуваат во современите индустрии. Студентите за совладување на предметната материја ќе користат специјално опремена компјутерска лабораторија и статистички софтверски пакет Statgraphics. |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани