Управувчко сметководство II

Наслов на наставниот предмет

Управувачко сметководство II

Код

АCC 310

Наставник

Проф. д-р Марина Трпеска

Предметот Управувачко сметководство II доби акредитација од страна на Асоцијацијата за лиценцирани сметководители (ACCA – Association of Chartered Certified Accountants). Акредитацијата носи големи поволности на студентите на Економскиот факултет – Скопје. Благодарение на акредитацијата, им се овозможува признавање на предметот Управувачко сметководство II од страна на ACCA за време на нивните студии, со цел олеснување на патот до членство во ACCA.

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни за:

  • Да ги разликуваат разните видови на центри на одговорноста и како и на кој начин се ме ри работењето на секој од нив;
  • Да ги сфатат предностите на сметководственото планирање и неговата ефикасна примена во претпријатието;
  • Да можат да ги користат флексибилните планови како средство на контрола
  • Да пресметуваат отстапувања помеѓу планските или стандардните трошоци и фактичките т рошоци;
  • Да  ги  осознаат карактеристиките на сметрководствените информации за менаџмент от;
  • Да ги користат сметководствените податоци при капитално буџетирање;
  • Да ги објаснат: потребата, важноста и корисноста на финансиските извештаи кои се кори стат за менаџерски цели;
  • Да  ги осознаат недостатците и новините од научен и стручен карактер вградени во методолошкиот приод за изготвување на сметководствени информацииновините;
  • Да се запознаат со развојот, целите и задачите на професионалните сметководствени органаизаии од областа на сметководството на менаџментот.

Содржина на предметната програма:

  1. Сметководствено планирање и изготвување на главен буџет;
  2. Флексибилни планови и контрола;
  3. Стандардни трошоци и отстапувања;
  4. Сметководство на одговорноста;
  5. Трансферни цени;
  6. Капитално буџетирање;
  7. Финансиски извештаи за потребите на менаџментот;
  8. Одлики на некои професионални организации од доменот на сметко водството на менаџментот.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.