Наслов на наставниот предмет

Бази на податоци за бизнис

Код

EBU 310

Наставник

Проф. д-р Сашо Јосимовски

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:

· да ја разберат улогата на базите на податоци во претпријатијата;

· да ги разберат основните концепти на базите на податоци;

· да го разберат и применат процесот на дизајнирање и креирање на база на податоци;

· да користат Microsoft Access како алатка за работа со релациони бази на податоци;

· да ги разберат импликациите на интернет окружувањето и веб базираните апликации на базите на податоци.

Содржина на предметната програма: 

Местото и улогата на базите на податоци во претпријатијата и е-бизнис системите. Моделирање на бази на податоци. Дизајнирање на бази на податоци. Entity-relationship дијаграми. Нормализација на бази на податоци. REA модел на податоци. SQL. Дизајнирање и креирање на бази на податоци со Microsoft Access. Пребарување на база на податоци и креирање на извештаи. Бизнис интелигенција и откривање на ново знаење.

За совладување на предметната материја, предвидено и обезбедено е користење на специјално опремена компјутерска лабараторија.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.