Наслов на наставниот предмет | Бизнис информациски системи |
Код | EBU 560 |
Наставник | Проф. д-р Сашо Јосимовски |
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да: · ги разберат и применат методите на развој и на дизајнирање на информациските системи; · разберат како информациските системи и технологии ги поддржуваат стратегиските цели на компаниите; · го разберат влијанието на информациските технологии на изборот на бизнис моделот на претпријатието и на развојот на информациските системи; · ги разберат стратегиите за менаџмент со ИТ проекти; · ги разберат техниките на процесно моделирање од аспект на развој на информациските системи; · ги разберат напредните концепти на организација на податоци и нивното менаџирање. | |
Содржина на предметната програма: · Воведување и компоненти на информациските системи; · Информациски системи и технологии за креирање на стратегиска предност; · Модели и методи на развој на информациските системи; · Развој на информациските системи преку техниките на процесно моделирање; · Менаџмент со ИТ проекти; · Организација на податоци и нивно менаџирање. |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани