Наслов на наставниот предмет | Демографски методи |
Код | 511 |
Наставник | Проф.д-р Драган Тевдовски |
Цели на предметната програма (компетенции): 1. ги следат и анализираат демографските трендови на популацијата на земјата или поедини региони. 2. го анализираат интеракциското влијание помеѓу демографскиот и економскиот развој на земјата. 3. да ги откриваат и експлицираат поважните структурни промени и контингенти на популацијата. 4. да вршат прокеции за растот на населението во идниот период. 5. да предлагаат мерки и политикии за водење на конзистентна, единствена и диференцирана популациона политика во нашата земја.
Преку наставната содржина на предметот ќе се настојува да им се помогне на студентите во подоброто спознавање на сите прашања и проблеми поврзани со населението(популацијата) како што се природното движење (наталитет и морталитет), миграциите, структурата и проекциите на популацијата на земјата и сл. На тој начин студентите ќе добијат јасна претстава за значењето на населението преку неговата дихотомна функција (производна и потрошувачка). Истовремено тие ќе можат подобро да го разберат демографскиот развој и неговата поврзаност и присутноста на повратна спрега со економскиот развој на една земја или регион. | |
Содржина на предметната програма: 1.Вовед 2.Предмет на демографијата 3.Движење на населението 3.1 Природно движење на населението 3.2 Механичко движење на населението 4.Структури на населението 5.Демографските процеси и нивна употреба 6.Проекција на населениете 7.Популациона политика |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани