Наслов на наставниот предмет | Корпоративна финансиска стратегија |
Код | CFM 512 |
Наставник | Доц. д-р Александар Наумоски |
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да: • Да го разберат централното место на вреднувањето како основен принцип во доменот на финансиското одлучување • Разбирање како одделните финансиси одлуки влијаат на вредноста на компанијата и остварувањето на нејзините цели • Да ја применуваат рамката и концептите од корпоративните финансии во носењето одлуки во реалниот свет • Да формулираат стратегија за капитални инвестици и да спроведат анализа и процена на инвестициски проекти • Добро да го разбираат значењето на структурата на капиталот и неговото влијание врз вредноста на компанијата • Разбираат како и кога дивидендата и откупот на сопствени акции ја зголемуваат вредноста на компанијата, а кога не • Формулирање на најдобра финансиска стратегија која е најсоодветна за фазата од деловниот животен циклус на компанијата • Да изгради ефективни вештини за соработка при индивидуално и тимско решавање на проблеми
| |
Содржина на предметната програма: • Корпоративни цели • Улоги и одговорности на главниот финансиски директор • Корпоративни финансии и финансиска стратегија • Поврзување на корпоративната и финансиската стратегија • Однесување на инвеститорите и ефикасноста на пазарот на капитал • Цената на акцијата на компанијата: анализа и следење • Вредноста на компанијата и вредноста на акционерскиот капитал • Инвестициски одлуки и стратегии • Меѓународни операции и инвестиции • Идентификување и вреднување на реални опции • Стратегиско управување со обртниот капитал • Дивидендна политика • Структура на капитал и трошок на капитал • Деловниот животен циклус и финансиската стратегија Финансиска стратегија од start-up до раст • Финансиска стратегија од раст до зрелост и опаѓање • Спојувања и преземања |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани