Наслов на наставниот предмет

Маркетинг преку социјални медиуми

Код

МКТ 460

Наставник

доц. д-р Димитар Јовевски

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на овој предмет студентите ќе можат и ќе имаат познавање како да ги користат различните социјални медиуми и нивната импликација во макретингот, бизнис работењето и компаниите во целост. Студентите ќе се стекнат со :

· Знаење за целиот еко систем на социјалните медиуми и нивниот импакт врз маркетинг стратегијата на една компанија

· Знаење да ги артикулираат процесите на маркетингот преку социјални медиуми, и да препознаваат кога и каде треба истите да се користат во бизнисот

· Знаење како да се имплементираат бизнис целите преку маркетингот на социјалните медиуми од јакнење на брендот, аквизиции на потрошувачи, градење на релации, подобрување на услугите

· Разбирање и предвидување на маркетинг резултатите преку креирање на содржина со цел, наспроти генеричкото создавање на рекламни кампањи, како и потенцирање на комуникацијата преку релевантен содржина користена во соодветен контекст

· Знаење како да се креира соодветна содржина преку различните социјалните медиуми и анализа на најдобрите светски практики

·Знаење како да се анализираат податоците и да се креираат соодветни извештаи.

Содржина на предметната програма: 

· поим и основи на маркетингот преку социјални медиуми,

· развојот на социјалните медиуми и онлајн заедницата

· стратегии за маркетинг преку социјалните медиуми,

· технологии за примена на маркетингот преку социјални медиуми,

· како брендовите ги користат ефективно социјалните медиуми,

· анализа на различните клучни социјални медиуми на онлајн просторот

· ROI и маркетингот преку социјални медиуми

· ценовни модели кои се применуваат во маркетингот преку социјалните медиуми

· креирање на соодветна содржина за соодветен контекст

· анализа и извештаи

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.